ПРИЛЕП Е РЕГИОНАЛЕН ЛИДЕР ВО ЦИРКУЛАРНАТА ЕКОНОМИЈА!

Општина Прилеп е добитник на “”Municipal Circular Leadership Award
2026”. Меѓународно жири í додели на Општината Прилеп признание за најуспешна во оваа категорија на ниво на Западен Балкан. Ова е потврда дека промените во градов се движат во вистинска насока, дека одговорноста кон животната средина, создавањето нови навики и вложувањето во современи решенија даваат резултати, препознаени и надвор од границите на нашата земја.

Точно 49 проценти од граѓаните веќе селектираат отпад од пакување во своите домови. Тоа се илјадници домаќинства, илјадници лични одлуки и еден град што чекори кон почиста и поодржлива иднина.

– Продолжуваме со осовременување на инфраструктура за секундарна селекција на отпадот со капацитет до 10 тони на час. Го развиваме системот за одговорно собирање и раздвојување на различни категории отпад. Подготвуваме нови решенија за компостирање и третман на градежниот шут. Работиме на рекултивација на постојната депонија и на намалување на количините депониран отпад. Продолжуваме да ја развиваме циркуларната економија, затоа што отпадот не е крај на еден процес, туку почеток на нова вредност. Меѓународното признание не е сигнал да забавиме, туку да го интензивираме процесот. Тоа е обврска да го оправдаме признанието со следни значајни резултати. Признанието е мотив, но и обврска да продолжиме уште посилно, уште поодговорно и со уште поголема амбиција – изјави градоначалникот Дејан Проданоски при врачувањето на признанието во Приштина.

Тој изрази благодарност до меѓународното жири и организаторите на Circular Economy Awards, до Министерството за животна средина и просторно планирање, до SALAR Inter
national, особено до ЈКП Комуналец, како и до сите партнери и институции што го поддржуваат овој процес, а најмногу до граѓаните на Прилеп кои се дел од промената.

Loading