Фељтон: Томе Велјановски
После половината од месецот октомври, ученикот од вечерното училиште за во Канатралрци, падна текшко болен до неизвесност. Во таа прилика, кога Дојчиноски Благоја (Јолески) дотогашен полски полјак во Марул се отселуваше во Прилеп. Селач беше татко ми Јовчески Ванѓел, одборник во Марул, го товарија тутунот во балина од Благоја и се најде еден мал простор во запрежната кола за тешко болниот Томе. Тутунот од Благоја го растоварија во дворното место каде беше настанен.
Ние се вратиме со запрежната кола кај Уредот, бев прегледан, наводно била тешка ситуацијата по моето здравје. Најверојатно преку Уредот беа повикани стручни лекари од болницата Стојков и Михаило, дојдоја со џип и тие ме прегледа, татко ми побара упут за Битола. Татко ми доби одговор, тие се лекари како нас. За ваква ситуација подобро, наш совет однеси го дома.
Ванѓел, татко ми ја наведна главата, замислен и рече, зар и ова ќе биди судбина како пред четири години како нашето седумгодишно дете Ѓорѓија. Само што ме вратија од прегледот во Уредот и ме вратија во запрежната кола одеднаш ми се слоши и удрив во повраќање крв и гној, нешто во колата, нешто надвор од колата, дојдоја сестри ме зачистија.
Си тргнавме со колата за дома во Марул, по патот како да ми се олесна во стомакот. Најверојатно беше од прелада навечер од училиште од Канатларци, ноќе на нива лежење со овците. Школувањето го откажав подолго време, се опоравував и поново си тргнав овчарче да бидам. Школувањето ми остави длабока мисла, носталгија, ама две работи со различни струки не одат заедно.
Спортски активности во Марул
За времето во Колективот, во Марул имаше фудбалски клуб Марул. Во секое село имаше спортска гранка, претежно фудбал, тоа е машка спортска гранка. Нашето фудбалско игралиште беше стационирано во Колеската ограда на долната страна према патот во велескиот дел од оградата према средселото. Вакви фудбалски екипи ги имаше и во соседните села со кои се одржува аматерски фудбалски натпревар. Во Марул доваѓа фудбалски екипи од Подмол, од Штавица, од Мало Рувци и од други села, секогаш средбите завршува мирно со меѓусебна почит.
Наши марулски фудбалски играчи во тоа време беа:
1.Анѓелески Живко Стеваноски 1930;
2.Атанасоски Алексо Танески 1929;
3.Василоски Алексо Василоски 1923;
4.Василоски Петре Василоски 1933;
5.Дојчиноски Благоја Јолески 1928;
6.Јованоски Божидар Курела 1933;
7. Јованоски Душан Курела 1930;
8.Јошески Ќиро Котески 1927;
9.Митрески Богоја Мурџески 1936;
10.Мојсоски Благоја Колески 1935;
11.Мојсоски Ванчо Колески 1928;
12.Новачески Јован Димитријоски 1903, втор голман;
13.Павлески Јованче Јоноски 1919, прв голман;
14.Павлески Аце Петрески 1929;
15.Павлески Мирко Петрески 1934;
16.Павлески Коле Петрески 1937;
17.Петрески Димитрија Бабјак 1927;
18.Петрески Митре Бабјак 1933;
19.Петрески Томе Бабјак 1935;
20.Петрески Алексо Бабјак 1929;
21.Петрески Атанас Мурџески 1927;
22.Петрески Ѓорѓија Мурџески 1929;
23.Ристески Китан Јанкоски 1925;
24.Ристески Цане Јанкоски 1930;
25.Ристески Богоја Танески 1934;
26.Ристески Китан Танески 1928;
27.Ризоски Трајче Бошески;
28.Стојаноски Тоде Котески 1923.
Фудбалскиот клуб од Марул возвраќаше со посети на гостинските фудбалскии екипи од по селата како М. Рувци, Штавица, Бонче, Лопатица и Подмол. Во играта со подмолската екипа, марулскиот голман на нивни терен Павлескии Јованче одбрани два пенали, тоа беше голема слава за марулци, си дојдоа непоразени со резултат нула – нула, во пролетта 1951 година.
Со расформирањето на колективите во селата, а и во Марул во пролетта 1953 година, престана да постои и фудбалскиот клуб. Колевци си ја повратија Оградата за сопственост, а стативите стоеа во Оградата до 1955 година.
Со расформирањето на СРЗ Велјан Новачески и нејзиниот фудбалски клуб во Марул, народот како да се повлече и ја намали дотогашната средба. Младите деца од машка пол во малата игра фудбал со топки од влакна чешлани од крупните добици правени топки од нивните влакна. Кога топката е сува, можи да се игра, ако се натопи тешка е, не се потерува со нога.
На првиот ден од Велигден, квечерината во 1960 година се организира една средба од млади пубертетли деца кои преку 15, кои под петнаесет годишна возраст на скалите од задружниот дом во присуство на двата постари омладинци, осумнаесет годишниот Павлески Борис Петрески и Јованоски Петре Курела, седумнаесет годишно момче. Повеќе да не се игра малски фудбал, туку да се одреди поволно место за стален фудбал за сите кои има интерес за фудбал. И тоа се случи, место за идно фудбалски игралиште беше одредено на брегот помеѓу куќата на Ристески Јованче Мурџески до над трлото Павлеско Јоноско. Некако во тоа време ни допадна една кожна топка штромбела со цевче за пумпање подарена од школскиот наставник Секулоски Бранко од прилепско Алинци.
Топката здрава со цевче за пумпање штромбелата, велосипедска пумпа за пумпање на топката, немаме. Се најдоа две момчиња со здарава плуќа за пумпање на топката, Митрески Коста Мурџески и Павлески Павле Јоноски. Поправка, прпење на топките му вршеа Павлески Борис и Гоце Павлески Петрески и Јовчески Томе Велјаноски. Со времето почна да доваѓат повеќе деца кои ги привлекуваше кожната топка. Кога имаше празници, местото за играње фудбал се полнеше од деца особено во попладневните саати. Нема да заборавиме на три пати добиме потрошени топки, стари од основното училиште во Канатларци, сами ги поправаме за во игра .
Продолжува
![]()

