Од шести, Станојоски стана прв

Шах

Просториите од СОУ “Орде Чопела” беа место за Четвртиот меморијален турнир “МАТ”, пријавен во ФИДЕ, организиран од ШК Прилеп, поддржан од семејствата на легендите,  Митре Џајковски, Александар Тодороски, Тане Дулев, Миле Богески и Ордан Ѓорѓимајскоски. Од осум држави (Србија, Косово, Грција, Црна Гора, Мексико, Бугарија, Албанија и Македонија), беа 138 шахисти, кои по 9 кола се распределија на табелата. Велемајсторот Звонко Станојоски од стартната шеста се искачи на врвот со 7,5 поени. Ја доби златната статуетка. Подолу со 7 поени се шестмина – ФМ Мухамет Аслани од Косово, нашиот ИМ Никола Николовски, ФМ Сулејман Суљовиќ од Србија, нашиот ИМ Дејан Стојановски, ФМ Александер Фого од Мексико и Астрет Зиробери од Косово.

Освојувачи на други награди: ФМ Роберт Велески (најдобар прилепчанец на 12 место со 6,5 поени), 18-годишниот Никола Павлески (најдообар млад играч 11 место со 6,5), 17-годишната Теодора Ѓорѓиеска (најдобра шахистка на 31. место со 5,5) и 71-годишниот Миле Трајковски (најдобар ветеран на 14.место со 6,5).

Loading