Најдобри се девојките на Сеишин

Џудо

За празникот 11 Октомври се изведе Шеснаесеттиот меѓународен турнир во џудо “Прилеп град херој – Цевитана куп”, организиран од клубот Сеишин. Во салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко” се појавија над 360 учесници од 9 држави, една повеќе од најавата – Словенија, покрај Србија, Бугарија, Грција, Косово, Албанија, Турција, Црна Гора и Македонија. Пред борбите за медалите присутните беа поздравени од Миодраг Стојановиќ, потпретседател на ЏФМ, Георге Дани, експертот од Интернационалната федерација и од прилепскиот градоначалник Дејан Проданоски.

По борбите по категории најуспешни се: Грците до 12 и до 16 години момчиња, Косово до 12 и до 14 години години девојчиња, Турците кај момчињата до 14, а Сеишин Прилеп кај девојчињата до 16 години.

Loading