Многу пензионери од цела Македонија, дури и од Србија, се собраа во градот на “Првата пушка” на одбележувањето на 85 годишнината од почетокот на македонската револуционерна борба на 11 октомври. Луѓето од “третото доба” од земјава, заедно со колегите од Белград, Ваљево и други градови од соседна Србија, положија свежо цвеќе на споменикот на првиот претседател на Македонија, Методија Андонов Ченто.

Прилеп традиционално, за 11 октормври, е домаќин на членови на здружението на пензионерите. За празникот дојде и претседателот на СЗПМ, Станка Трајкова. Со домаќинот, Славко Трајкоски, оддадоа почит на жртвите за слобода. Трајкоски потсети за историската борба на прилепските борци во четиригодишната НОВ, за што во 1975 година Прилеп беше одликуван со орден, град Херој, од тогашниот претседател на Федерацијата, Јосип Броз Тито. Тој нагласи дека градот под Марковите кули даде преку 600 борци, а од нив 15 Народни херои.
Претседателот, Трајкова, потсети дека пензионерите вградиле многу труд во повоена Македонија на 80 годишнината од пензионерското организирање.
Средбата се оконча со широко и весеба.
![]()

