Утре вечер
“Играме заедно” е вечерта на фолклор на деца и млади што ќе се одржи утревечер во ЦК “Марко Цепенков”. Манифестација, под мотото “Убавината на различности” ја реализира КУД “Моминок”, што работи во ЦК “Марко Цепенков”.
– Ги поттикнуваме децата и младите да се грижат за зачувувањето на нашето културно наследство и богатиот македонски фолклор – велат организаторите.
Ќе се претстават и КУД “Младост” од Кичево, КУД “Илинден” од Кривогаштани, ФГ “Вапцаров” од Делчево, КУД “Лазарица” од Б и Х и КУД “Охриѓанка” од Охрид.
![]()

