Даниел Мелвил Македонска рапсодија  140        

– Каде си тргнал така, смртнику?, го запре еден глас Димо Каран.

– Одам кај Кико, имаме разговор. Знае дека ќе го посетам.

– Ти си Димо Каран?

– Да.

– Минувај.

– Каде да го најдам? Не сум го видел.

– Продолжи по патов. Кико знае дека си овде. Тој ќе те најде.

 “Пеат. Играат”. До ушите од далеку допира музика и стимулирачки извици на бројот еден од орото. Обичните смртници нема да сетатдека на тој начин, танцувајќи, допирајќи се со рацете, божествата зборуваа едни со други, разменуваа информации.

Мина повеќе стражар, ама како сите да беа упатени за тоа кој е тој и кај кого оди. Како никој да не се интересира. Кога дојде до границата од шумата, виде толпа суштества како неговите земјаци, облечени поинаку, често со бел фустан долг до половината од бутот, стегнат со појас од ткаенина покриена со орнаменти. Вториот дел од облеката им ги покриваше нозете, обуени со затворени сандалки какви Димо Каран немаше видено. Главите им беа завиткани со бела ткаенина која им го покриваше тилот. Забележа и други видови облеки, богато украсени со златни и сребрени конци, високи капи од животински кожи, од волци, од кози. Повеќе мали ора се формираа на тревата и нивното играње, по своите воинствени акценти, го потсети Димо Каран на танците од своите сонародници. Мнозинството од учесниците беа вооружени со сабји, ножови, лакови… Од собирот, малку разочарувачки за него кој очекуваше да види нешто необично. Имаше впечаток на спокојна, на голема сила. Еден маж со неопределена возраст и избричена глава, се упати накај него. Пред човекот да зазборува, Димо Каран веќе знаеше кој е заради сличноста со Темјануга. Тој беше брат í Кико – Сонце. Човекот без колебање се приближи до Димо Каран:

– Ќе го земам мојот коњ и ќе прошетаме.

– Арно.

Кога јаваа еден до друг, Кико рече:

– Сестра ми ми кажа дека се сакате…

– Да, многу голема е нашата љубов.

– И дека би сакале да живеете заедно како маж и жена…

– Навистина.

– Дали си свесен за тешкотиите? Една бессмртница и еден смртник…

– Да, свесен сум. Сестра ти, честити Кико, мисли дека ти би можел да помогнеш.

– Раскажи ми за мајка ти, Димо Каран, како и каде татко ти ја запознал.

– Татко ми беше убиен во војна. Нека му се благонаклонети боговите! Кога станав возрасен маж, ми раскажа како ја запознал мајка ми. Еден ден на лов, се оддалечил од другите ловџии, следејќи дива свиња која одеднаш излегла од честарот. Слушајќи офкање, го напуштил гонењето на свињата, оти видел млада ранета жена. Сигурно била божица. Носела облека каква што татко ми никогаш не видел. Недалеку од ранетата божица видел летачка бојна кола без коњи. Бидејќи било божество, татко ништо не им кажал на ловџиите. Ја транспортира тајно во нашата куќа и ја лекувал. Бдеел над неа повеќе дни и ноќи, оти таа не сакала да биде видена од друго лице, освен од татко ми.

 (продолжува)

Loading