За празникот
Вечерва во киното Мис Стон ќе се прикажува македонската филмска историска драма “До балчак”, во режија на Столе Попов по сценарио на Горан Стефановски. Играат Инти Шрај, Мартин Јорданоски, Сашко Коцев, Сенко Велинов, Тони Михајловски, Мики Манојловиќ, Никола Којо, Никола Ристановски, Јовица Михајловски, Искра Ветерова, Јордан Симонов, Драган Спасов, Ана Костовска, Гораст Цветковски, Владо Јовановски итн.
Влезниците за филмот се бесплатни.
Филмот е сурова, но љубовна приказна во која вечната македонска кауза за сопствен идентитет и самостојност е видена низ призмата на релативноста на идеите за слобода, правда, љубов, жртва и предавство. Дејството се случува во 1907 г. во Македонија, неколку години по крваво задушеното Илинденско востание. Приказната следи љубовен четириаголник меѓу, Крсто, идеалистичен и бескомпромисен, Музафер, безмилосен турски офицер, Филип, “таков син” опортунист и Тереза, прониклива и слободоумна Европјанка, во потрага по авантура, при што заведува тројцата мажи.
![]()

