Поетски слем Македонија

Викендов

По 16 -ти пат Прилеп е домаќин на слемерите од Македонија. Изложбата на ДЛУБ се збогати со поетската монодрама “Лидија или сé што знам”. Практично тоа беше старт на Поетскиот слем, што продолжува.

Денеска се промовира збирката, поезија на хаику, хаига и задачи за креативно пишување од Елена Пренџова. Ќе има промоции на збирки поезија од Александра Јуруковска и Сузана Мицевска, а слем гостинки се Елијане Бутелане и Наташа Сокре од Мозамбик, Африка.

Утре е промоцијата на збирка поезија од Марија Грубор, а потоа е отворањето на слем караванот кај Градскиот саат. Таму ќе се промовира збирката од Ненад Јолдески. Вечерта е резервирана за концертна промоција на албумот Пружина од Пијан Славеј со Хот џес оркестар.

Поетски слем Македонија се окончува на 11 октомври со посета на манастирот Трескавец и поетско читање. На крај е вечерта на поезијата од  Тихомир Јанчовски во селото Плетвар.

Loading