ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (356) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Први марулски деца ученици кои почнаа да одат во формираното петто одделение во с. Канатларци во годината 1960/61 се следните ученици:

1.Митрески Степанов Алексо Мурџески 1948

2.Павлески Ацев Гоце Петрески 1948

3.Ристески Танев Ванчо Танески 1947

Запишани возрасни ученици од с. Марул за вечерна настава за во училиштето во с. Канатларци се следните лица:

1.Ѓорѓијоски Димитријев Данчо Курелсоки 1945

2.Јовчески Ванѓелов Томе Велјановски 1945

3.Мојсоски Велев Цветан Колески 1943

4.Петрески Ванѓелов Митре Бабјак 1933

5.Ризоски Колев Трајче Бошески 1935

За вечерната двегодишна настава, освен од Марул, имаше од повеќе села, од Подмол, Лопатица, Бонче, Канатларци, Ерековци, Клепач, Шелеверци, главен класен раководител беше Војне, презиме заборавено.

Во првата недела од месецот октомври пред вечниот дом на почината Лоринка имаше премногу народ со свеќи запалени како на гробот, исто така и в раце и свештеникот Ванѓел Смилевски меѓу нив тогаш и се пееше шест недели од нејзиното вечно починување и подигнување на нејзиниот вечен дом покриен со мермерна плоча, со мермерен крст на него, врежано место со нејзина фото слика, каде е обележана нејзината старост 28 годишна Алора. По направените сите адети пред нејзиниот вечен дом народот отиде во тремот кај црквата во трпезаријата каде имаше припремено ручек задушница за упокоената Лора. После подигањето на вечниот дом, гробот на Лоринка имаше голема забелешка од подалеку бело варосан, кај секого беше стрес, поготово кај нејзината мајка Мара која доваѓаше набргу седната со леликање и плачки пред чедото и гласно тажи.

За тоа нејзино жалосно плачење – тажење, повеќе жени од селото одеа, ја смируваа за да престани со плачење и велеа, немој можи да си добиеш саклет, можи да се парализираш, за каде си тогаш. Ти оди си на гробот како што носи редот, а не вака секој ден. Често пати беше пречекувана на патот уште не појдена кај гробот.

Такви хумани помошнички жени беа Бошеска Боризица Цветанка, прва брачеда на Мара од тетка на татко е, сестра. Николоски Петре Галабаро, прв брачед на татко е на Мара од вујко. Николоска Митра Петрејца, стрина на Мара. Јовчески Ристе, дедо ми, мал девер на венецо на Анѓеле татко е на Мара, одеше за да ја смирува. Често пати и велеше, Маро син ми Ѓорѓија загина во војната, ама жив в земи, не се влегува. Јолеска Божиница Доста ја скориваше од пред  гробот од плачење. Димитријоска Јованица Ѓурѓа одеше ја убедуваше за да се смири. Маро, ти само знаеш синот Живко на 21 година ни го донесоја од војска умрен, го погребавме пред девет години, ни остави дертови во душата, остави вдовица жена и две малолетни деца сирачиња, ама од пуста судбина нема спас. Јас, Томе овчарче на неколку пати, тетка Мара ја скоривав со плач од пред гробот. Времето одминуваше, совето и психологијата од помошниците на Мара и делуваше, таа се одржа без здравствени последици.

Продолжува    

Loading