Џудо
За празникот 11 Октомври, утре по 16-ти пат се одржува Меѓународниот турнир во џудо “Прилеп град херој – Цевитана куп”, организиран од Џудо клубот Сеишин. Во салата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко” се очекуваат борби на над 300 учесници од 8 држави, Србија, Бугарија, Грција, Косово, Албанија, Турција, Црна Гора и Македонија. Свеченото отворање е во утре.
Прилепското џудо се одржува на високото ниво преку континуирани настапи и успеси на меѓународните натпреварувања. Претседател на Џудо федерацијата на Македонија е прилепчанецот Владимир Трпаноски.
![]()

