Мирисот на стариот град ги возбудува не само прилепчани, туку и родените, но исселени сограѓани. Чувства на радост и носталгија предизвикува освежувањето на минатото, кога се обојува “литото”, родното место, маалото, детството, младоста, корзото, родителите, роднините, пријателите, згодите и незгодите…
И на сограѓаните им корзото со коцка, каде напред – назад се шпацираше ноќно време во долги колони од стоковната куќа до градска кафеана. Не е многу изменет булеварот, освен со асфалтот и одземените зелени површини за сметка на печачката зона. Атмосферата на корзото уште буди спомени кај повозрасните, кога им дофрлаа на девојките, кога ги потргнуваат за косите или се потштипнуваа. Се фрлаа ишарети, намигнувања на “коцката”.
Исчезна климата на искрена љубов низ младоста. Остана мирисот на липите зачинет со меморија за младоста.
![]()

