Јованоска одлична

Стрелаштво

Членката на клубот Херој Прилеп, Ирина Јованоска многупати се покажала со високи резултати, но овојпат нејзиниот настап е особено вреден затоа што е постигнат во силна конкуренција на Триесеттиот меѓународен турнир “Ристо Танев” во Скопје, каде имаше 157 стрелци. Во конкуренција на гаѓање со воздушна пушка, меѓународна програма, таа го освои третото место. Подобри беа само две Србинк, европската шампионка Анастасија Живковиќ и Наталија Павловиќ, два резултата што стручњаците ги сметаат како врвни.

Во овој ранг се покажа уште една прилепчанка, Сара Пројческа, со 4. место.

Loading