ЕЛИКСИР НА МЛАДОСТА

Да “бега” секоја  болест се пие еликсир на младоста двапати годишно. Врвене, оти го забрзува метаболизмот, го јакне имунитетот и ги чисти клетките. Се пие на 6 месеци по една доза. После се паузира 6 месеци, со секојдневно пиење на чај од ѓумбир.

Го пијат сите возрасти за здравје и виталност, па и за одржување на староста. Луѓето се подмладуваат за 15 години. Подмладувањето доаѓа после повеќе дози. Се добива повеќе сила, енергија, свежина на лицето и телото, небаре 15 години помлад човек.

Потребни се три состоји, а чајот од ѓумбир се пие при паузата. Лимонот е полн со витамин Ц, здрав за срцето. Овошјето и зеленчукот го намалува ризикот од срцев и мозочен удар. Лимонот ја контролира тежината и дигестијата. Го “турка” холестеролот. Со мед е одлична превенција од многу болести. Медот изобилува со антиоксиданси, со минерали и железо. Затоа е во првите борбени редови против анемијата. Ако се меша со маслиново масло, се добива моќна “бомба” против сите бактериски, вирусни и габични инфекции. Девственото маслиново масло е полно со антиоксиданс со силни биолошки ефекти кои го намалуваат ризикот од хронични болести. Содржи киселина, која помага против воспаленија и штити од холестеролот во крвта.

Потребни се 100 мл. лимонов сок, 200 гр. природен мед, 50 мл. екстра девствено маслиново масло. Се мешат сите состојки во тегла. Се чува во фрижидер. Се пие трипати дневно по 1 лажичка. Првото количество се пие наутро на празен стомак, а другите две се 15-20 минути пред оброкот. Кога ќе се потроши смесата, се паузира 6 месеци. За тоа време се пие чај од ѓумбир секојдневно.

Терапијата е најдобра во пролет и есен за чистење и детоксикација.

За чај од ѓумбер е потребно 400 мл. вода, 200 гр. лупен и ситно исечкан ѓумбир, парчиња лимон (или исцеден сок од половина лимон).

Loading