Ракомет
Ракометарите на Прилеп на петте меча имаат само две победи, еден пораз од Охрид и две неочекувано нерешени дуела дома со Тиквеш и Струга. Прво со Тиквеш имаше спорни судиски одлуки за конечниот резултат да биде нерешен 28:28, а безмалку е повторен тој меч десетина дена подоцна, пак дома, сега со Струга, 29:29.
Така Прилеп 2 бода е под планот и следи борба за надомесок на загубеното. В недела е наредниот меч, кај Бутел во Скопје.
Табела: Вардар и Алкалоид 10, Еурофарм Пелистер 9, Охрид 7, Прилеп 6, Тиквеш 5, Еурофарм 2 Пелистер 4, Струга 3, Младост и Мулти есенс 2, Бутел и Куманово 1.
Во Супер лигата за жени, Деспина в недела е во Скопје, кај МРК Ѓорче Петров.
![]()

