Трајко Велески (75), колекционер на камиончиња, автомобили, авиончиња
Иако е пензионер, Трајко Велески (75) има повеќе играчки, отколку што има во една детска продавница. Во збирката има автомобили, камиончиња, од пред 50-60 години. Омиелни му се и камионите. Има марка “Ман” со “муцки” напред, американски и европски марки. Има различни камиони патнички, транспортни, цистерни. Собрал тенкови, противпожарни возила, хелихоптери, автобуси. Авиони, патнички, воени, транспортери. Но, возовите му се во душата. Како момче на 15 годишна возраст ја почувствувал љубовта кон возовите.
– Исав на Гопод, не знам точна бројка, можеби се околу 1500 предмети. Возовите му се омиелни. Кога го пасев магарето наспроти Пролетер, имаше еден машиновозач Киро, или Благоја, се викаше, ја војзаше парната локомотива. Јас, чинам, врзи го магарето за дрвјата, и му бев ложач на парната локомотива. Одевме до Гостиражни, до Црн бор, до Партизанка. Љубов ми беше прво воз да возам. Ги сакав, ги сакам и сега возовите. Воз си е воз. Душата ми е во возовите. Не ме примија на школија во Скопје. Имаше закон. Ги примаа децата чии родители работеле во Железница. Бев како ученик автомеханичар во Пелагонија, а потоа шофер – ја почнува приказната Трајко Велески (75), колекционерот на играчки.












Најголемиот дел од играчките ги купувал во Скопје од тогашната словенечка продавница Механотехника Изола. Ддел ги купувал и од пазарите. Има 55 вагони, 15 локомотиви. Направил макета, 1,1 х 2 метри за возовите со 4 коловози. Пред неколку години ги наредил на масата во дворот да ги гледа и да ужива.
– На шините оставам растојание од еден милиметар, вагонот да има тропот да направи, так – так кога минува. Ама, мачарот скокна и ми скрши една американска локомотива со куса “муцка”. Направив и макета, аеродром, 1, 6х0,7 метри, со писти и коли – вели Велески.
Колекцијата содржи многу играчки од киндер јајца, пластични индијанци, пластични животни и други форми. Не знае да ја опише големата љубов кон возовите. Наместо да ги реди макетите, сега ги гледа возовите на екран.
– Гледам на јутуб макети со возовите. Убавина се патничките возови. Најубаво ми е возењето со воз. Да си седниш како човек, да го отвориш пенџерето, да станиш, да прошеташ – вели Трајко.
Внуците си играле со играчките на дедо им дури биле мали.
Една вреќа пари дал по своето хоби, колку еден луксузен автомобил. Возел Сканија и за љубов за сопругата Виолета се откажал од професијата да биде дома. Затоа му е икона. И на сопругата Виолета и е возот најубавото превозно средство.
Трајко не размислува да ги продаде, ниту ги разменува играчките.
– Дури мрдам, дома не смеат да ги фаќаат. Планирам на скелето да ја наместам макетата. Секое утро, ја отклучувам портата, п па се испулувам на камионите и количињата, па потоа варам кафе и ја будам сопругата – вели тој.
Последенпат ги наредл пред два месеца. Ниту една играчка не е од неговото детство, а го сонува посакуваниот сон. Детето во него не старее.
![]()

