Во очекување жените да се вратат, амбасадорите пиеја и празнуваа во машко друштво. Жените, навредени, колку и нивните мажи, им дадоа женски облеки на млади голобради македонски војници. Ги нашминкаа да заличат на жени. Вооружени со ками, скриени во алиштата, “жените” отидоа меѓу персијските делегати, дочекани со весели извици. Група официјални македонските личности, на друот место, ги утврдуваа последиците од нивниот план. Ќе се направи потребното да исчезне и последниот човек или роб кои учествуваа во персијската делегација. Треба да ги снема и колите, животните и другите предмети од делегацијата. Истражувачите што Персија ќе ги испрати за анкета да најде како исчезнала нивната делегација, решено беше истражувачите да се поткупат со злато и со богати подароци. Така да се закопа инцидентот со амбасадорите, кои се однесуваа непримерно и да не реагираат соодветно.
На дискретно знак, младите “жени” со камите ги истепаа Персијците. Истата судбина ги снајде и другите луѓе од делегацијата фатени низ палатата, во дворовите, во коњушниците. Сите беа сотрени. Не остана никаква трага од повеќе од десетици луѓе, коњи, волови, коли, или било каков макар и најмал предмет што носеле со нив. После повеќемесечна истрага, аферата беше “закопана” за најголемо добро на односите меѓу Персија и Македонија.
Божествата на реките, на потоците, на шумите, на куќите, на селата, на областите и неколку поневажни богови од целата Македонија, слегоа од планинските врвови, се искачија од рамнините, и загалопираа деноноќно со бојни коли или јавнати на коњи во правецот на Самовилската Гора. Кога смртници ги гледаа како минуваат, или кога ноќе некоја бојна кола со ужасен тресок минуваше низ некое населено место, смртниците си велеа меѓу себе: “Сигурно се спрема нова војна”. Старите седнати средсело, си ги раскажуваа воените подвизи, со гордост покажуваа лузни од стари рани по нивните тела. Младите, возбудени и дразнети пред перспективата за војна, ги зголемуваа напорите на спортските или воени вежби. Некои се претставуваа пред офицерите со барање да бидат мобилизирани. Жените беа загрижени. Тивко разговараа, прашувајќи се колку мажи, синови или свршеници ќе се вратат живи. Ги посматраат мажите со извесно восхитување. Гласовите за блиска војна се засилија. Курири од провинциите стигнаа во главниот македонски град, покриени со прашина. Коњите им беа испотени. Локалните одговорни лица и разузнавачи бараа објаснување од кралот. Во кралскиот двор никој не беше во тек за подготовки за војна. Се спроведе анкета. Беа,свикани советот на старите и на војската. Беа преземени претпазливи мерки. Се пратија брзи гласници на коњи во провинциите со информации за успокојување на населениетоа. Одеднаш сé се смири. Поканетите божества беа собрани во Самовилската Гора. Не се покажаа на популацијата со изглед на македонски војници.
Со шлемот на главата, вооружен, јавнат на својот боен коњ, Димо Каран со обични чекори патуваше кон местото на собирот од машките божества. Пријатно беше да се движи под покривот од дрвјата, бидејќи сонцето искачено високо на небото силно грееше.
Дивите ѕверови го отстапиле тој дел од шумата на суштествата кои таму одржуваа собрание. Имаше само змии, повремено кои преминуваа преку тесниот пат. Но, веднаш исчезнаа во зеленилото. Наоколу, далеку од чистината каде се одржуваше собирот, беа поставени чувари кои не пуштаа речиси ни пиле да прелета.
(продолжува)
![]()

