Манастирот Свети Јован Бигорски
На 2 км. од селото Ростуше, дебарско, се издига манастирот Св. Јован Бигорски. Положен е во впечатливите карпи на кањонон на реката Радика, во прегратките на бујните шуми. Градбата датира од 11 век.
Комплексот го сочинуваат црквата, костурницата, сејменската одбранбена кула, манастирските и новоизградените гостински конаци. Под одредени услови, секој може да остане подолго и да ужива во божествениот предел.
Се верува дека на падините на Бистра, живеел некој монах со име Јован со потекло од Дебар. Добродушен. Негувал љубов кон свети Јован Крстител. Во шумата здогледал светлина меѓу дрвјата која се вивнувала кон небото. Видел дека лебди икона со ликот на свети Јован Крстител окружена со блесок. Се погрижил да í изгради дом и направил мало црквиче, пред кое секојдневно се молел.




Според легендата, оваа света икона дошла од Исток. Кога дознал за добродетелниот живот на монахот Јован, Василиј Втори го назначил за архиепископ на Охридската архиепископија во 1018 г. Подоцна. Се подигнал поголем храм.
Манастирот многупати бил уриван, пустошен, опожаруван и напаѓан. Од првата градба, останата е само светата икона на Св. Јован Крстител. Изгледот сега е од 18 – 19 век. Најзаслужен за градбата сепак е игуменот Арсениј (1807-1839). Ги обновил конаците, а мајсторите создале препознатливи и величествени уметнички и црковни вредности. На централното место е соборната црква, посветена на Св. Јован Крстител, градена според архитектурата на светогорските манастири. Направена е во византиски архитектонски стил, од блокови од бигор и покриена е со ќерамиди. Во внатрешноста полна е со фрески, икони и мајсторски изведениот дрвен инвентар, работен од мијачките мајстори. Повеќето од фреските се од фрескописецот Дичо Зограф.
И денес, се поврзуваат многу чуда околу иконата каде доаѓаат верници да се помолат или имаат голема мака.
![]()

