Урнебесна стенд ап комедија на Тијана Дапчевиќ

Првпат легендарната Тијана Дапчевиќ со монодрамата Менопауза ќе се претстави в недела од 20 часот. Се работи за урнебесен станд-уп со гласна, искрена и духовита исповед за темите за кои жените најчесто шепотат, а сега конечно се зборува без срам и со многу смеа. Секс, хормони, ПМС кој не знае дали доаѓа или си оди, љубовници без поим за лубрикант и мажи во криза на средни години. Тијана без влакна на јазикот освојува од првата минута.

Текстот е на  Данило Вукотиќ, а режијата е на Раде Вукотиќ.

Loading