Три екипи до максимум

Фудбал: Општинска лига

Одиграни се по две кола од Општинската лига на ОФС Прилеп. Во А-групата Црвена ѕвезда Сенокос и Боротино се со максимален број бодови (6), бидејќи тие победија пак, на гости: Мукос – Ц. Ѕвезда 0:2, Пролетер – Боротино 2:3. Други резултати: Корзо – Младост К. 0:2, Кадино – Стрела 4:1. Табела: Ц. Ѕвезда и Боротино по 6, Следно 3. коло (недела, 10 ч.): Стрела – Пролетер, Црвена ѕвезда – Кадино, Партизан – Мукос, Младост К. – Славеј, Боротино – Корзо.

Во Б-групата уште Братство Житоше има 6 бода, бидејќи и вторпат победи, овојпат службено 3:0 со Напредок Крушеани. Други резултати: Канатларци – Козара 3:3, Динамо – Кадица 1:4, Братство ГК- Прилеп сити 3:0. Табела: Братство Ж. 6, Братство ГК и Кадица по 4, Прилеп сити и Динамо по 3, Канатларци и Козара по 1, Напредок 0. Следно 3.коло (недела, 15.30 ч.): Кадица – Канатларци, Прилеп сити – Динамо, Братство Ж. – Братство ГК и Козара – Напредок К.

Loading