Кошарка
Прилепскиот спорт е во долгогодишна криза и затоа секоја позитивна вест е добредојдена, без разлика за кој спорт се однесува. Најновата е поврзана со КК Мега баскет, од каде што информираат за ангажирање нов тренер, на битолчанецот Никола Николовски од клубот Хераклеа. Наследник е на битолчанецот Благој Печалов и редовно раководи со тренинзите во салата на ОУ “Добре Јованоски” во пресрет на првенствениот старт на Првата лига за мажи, на 10 октомври. Тогаш Мега баскет гостува кај Феникс во Скопје.
Првиот меч како домаќин Мега баскет го игра на 17 октомври, со ИБА Скопје.
Во оваа група А се 8 тима, вклучувајќи ги и Борец баскет (Велес), Ангели, ИБА Скопје, Водно санс, Младинец (Скопје) и Црн Дрим (Струга).
![]()

