Од рак на дебело црево може да заболи секој. Најчесто се јавува на возраст меѓу 50 и 74 години од двата пола. Шест симптоми укажуваат на рак на дебелото црево кои не се игнорираат.
Анемија – Со туморите во дебелото црево почнува крварење и намалување на железото во организмот. Не може лесно да се забележи. Со обичен лабораториски тест се дознава за анемијата и доволно здрави црвени крвни клетки.
Болки во стомакот – Малигните клетки предизвикаат повреди на ткивотои и грчеви или болка. Пациентите доцна се присетуваат дека ја игнорирале неудобноста во пределот на стомакот. Болката може да биде остра или тапа.
Доколку столицата е потенка од вообичаено, може да биде знак за малигно заболување. Можни се проблеми поврзани со празнењето на цревата.
Инстинктот за празнење без резултат можно е да биде знак за тумор во ректумот.
Ненадејно слабеење без диета е причина за посета на лекар. Иако се јаде вообичаено, некои болести го менуваат начинот на кој телото ја користи храната. Ракот на дебелото црево често го спречува апсорбирањето на хранливите материи, што резултира со слабеење.
Најочигледен знак дека нешто не е во ред со цревата е ректалното крвавење. Лекарот се информира за крвта на тоалетната хартија, во тоалетната школка или столицата. Крвавењето предизвикано од тумор во цревата е многу пообилно од крвавењето од хемороиди.
Причини се наследните фактори, начинот на исхрана и стилот на живот. Нужно е внимателно конузмирање на црвено месо и животински масти, пушењето, алкохолот, дебелината и слаба физичка активност.
![]()

