ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (355) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Тогаш во Марул беше во голема мода купување на велисипеди и радија. Радијата, мислам мелодија со рачка за обесување Рема Линк Тутлинег СРГ на батерии, се обесуваа насекаде за слушање, цело село јачаше од тие радијата гласно поготово во вечерното време кога ќе се заладеше. Едно како мода и како потреба како развиток, стандард во животот. Велосипедите се купуваа преку позајмицата од тутунот. Марул без електрично осветлување ама со технолошки развиток.

Откако се случи со несреќата со Лоринка, сите радија во селото онемеа. Утрото на денот Богородица, свештеникот Смилевски Ванѓел од с. Добрушево во црквата има пеаније со причесна. Народ од двата правци во поголеми групи, едни од западното маало, едни од јужното маало преку средно маало одат заедно за црква. Повеќето цвеќиња носат в раце и директно одат на гробот од Лоринка, потоа одат во црквата и обратно, прво црква после на гробот од Лоринка. Незамисливо беше колку букети цвеќиња и свеќи се запалија и поклонија над покојната Лоринка во тоа време.

Завршија сите богослужбени адети во црквата и народот си разотиде по куќи откаде што дошле утрото, сега за доручек. После доручекот, тапанот тропна на сред селото од страна на ношпалските свирачи. За кратко време средселото се исполна од народ поготово младеж. Веселбата се одвиваше убаво поддржана со ора и песни со по малце учество во веселбата од страна на марулската младина со респект према неодамна почината Лоринка. Веселбата повеќето ја спроведува надворешните гости присутни на средселото.

Средселото е полно со народ и од постарата генерација кои одат на визита (на ракија) по куќи кај роднини и пријатели, навраќат кај средселото како сеирџи, а и ораџи за веселбата нема граница. Веселбата на средселото траеше до времето за ручек. Народо си разотиде, средселото остана празно. После ручекот средселото повтрно се наполни со многуброен народ, плева. Веселбата на средселото беше убава и после ручекот. Од мирна ситуација односно состојбата се измени, дојде до физичка пресметка помеѓу две групи. Групата Кајџановци со Диме и неговите другари Пецо, Богоја и повеќе од Прилеп гости кај Павлевци ванчовци. Диме Кајџано му беше голем девер на венецо при венчавање на Коле Павлески во пролетвава.

Поводот за пресметката физички напад било пријавено кај милицијата и шепотење кај народот во тоа што групата Кајџановци како да и префрлиле недолични зборови на добрушевската девојка со анонимно име. Нејзиниот добрушевец прв брачет од тетка, на мајка е сестра, Смилевски Ицко го извадува ножот од себе си и замавнува со него и го погоди в рака над лактото калајџенчето Пецо шнајдерче од прилепско Алинци.

Како втора претпоставка било да Смилевски Ицко платил оро за да игра, да води оро. Групата од Кајџановци платеното оро од Ицко го презеле тие да го играт. Ицко по карактер задрогаз, заватливо го изваде ножот, замавна и го погоди в рака шнајдеро Пецо по мајка Ивана Богоеска од с. Беровци. Кајџановци поголема група го потера Ицко за да го оплеска.

На средселото настана хаос. На повредениот Пецо со дробен тутун и крпи му е преврза раката и со мотор беше хитно однесен во амбулантата во Канатларци за медицинска нега. Пецо повредениот со ножот не беше без роднина во Марул. Цветкоска Миланица Мара Димитријоска му е сестра на мајка му Ивана. Митреска Јованчејца Коприна Мурџеска родена Богојеска во Беровци му е баба на Пецо, тетка на мајка му Ивана, сестра на татко е. Но, Пецо си бара друштво. Ицко напаѓачо со ножо се даде во бегство по пат на двесте метра од средселото влезе во дворот од Танески Блаже, трет брачед на мајка му Благуна по родот Танески и се сокри. Кајџановци групата јурна со камење по него и влегоја кај Блажевци, се претресија, него не го најдоја, револтирани се враќа према средселото. За големо изненадување Ицко рипна од таванот на куќата Блажеска и се даде во бегство по патче надолу према Крлешката за да бара спас кај вујко му Танески Трајан, брат на мајка му Благуна, кој е одалечен од Блажеската куќа сигурно до 900 метра.

Кајџановци групата го видоја и се пуштија по него, фрла камења, дрва, се што дофатија пред нив и големо чудо како не го погодија. Ицко само на 200 метра пред нив. Само што дојде позади куќата на Танески Ордан кај тумбурчето место кај вујко му Трајан, сврте лево кај Дончо Танески, втор брачед од два дедовци браќа, Стојанче 1868 – 1957 и Ризо 1870 – 1939г. Ицко влезе дома кај Мицевци, стаса групата Кајџановци со вили и лопати в раце. Почна низ прозорците да фрлат разни тврди предмети од куќата. Прозорците се со решетки, не можат да влезат. На тоа нивно дрско пристапување, однесување Мицеските гости јако им се спротиставија, беше доведено до физичка пресметка меѓу мицеските гости и дел од комшивските гости против групата од Кајџановци. Во истиот, во дворот Мицески дојде џипот од милицијата со повеќе лица внатре. Еден дел од властите – милицијата ја собра групата од Кајџановци за сослушување во училиштето, после тоа беа испратени да си одат во Прилеп.

Народот си разотиде, милицијата ги собра сите присутни роднини од Добрушево, ги преоблече, да жени, да мажи во селска носија и ги испрати до под Канатларци патот за Добрушево. Со тоа заврши денот неубаво за селската слава Мала Богородица во с. Марул 21 септември 1960 година, споменот останува вечно.

Со просветната реформа во 1958 година во НРМ се донесе одлука за основно образование од четврто одделение на осмогодишно одделение. Исто така, се отворија вечерни школи за возрасни во една учебна година се завршува две одделенија, петто и шесто. Во нашиот крај се отворија такви паралелки во с. Подмол до петто одделение за селата Подмол, Бонче и Лопатица. Настава утринско време.

Додека во село Канатларци се отворија две паралелки за петто и шесто одделение со настава утринско време. Со новите услови за школување, повеќе ученици од околните села кои дотогаш учеа во Добрушево, Тополчани и други места, беа кираџии во тие места, се повлекоа во канатларското училиште и тоа од селата Клепач, Ерековци, Шелеверци, Марул и Канатларци. Оваа школска програма беше обавезна, продолжуваше образованието до осмо одделение на ученици помалце од пет километриц пат во еден правец. За прекршокот на законот, спречување на ученик од страна на родител, следуваше казна од 5 илјади денари.  

Продолжува

Loading