Шах
Аматерскиот брзопотезен шаховски турнир “Ангеле Кироски”, посветен на неодамна починатиот шахист, во организација на ИМ Тони Кироски и ШК Прилеп се одржа во мултимедијалниот центар Тризла, со 67 шахисти. Се виде големиот талент и прогрес во кариерата на 18-годишниот Никола Павлески, прилепчанец, член на клубот Мулти есенс од Скопје. На 9 партии освои 7,5 поени, преку 7 победи, 1 реми и 1 пораз. Подолу се пласираа тројца со по 7 поени – Алекс Насков, Дејан Ѓорѓиески и Димитар Симоновски. Честитки заслужува највозрасниот 83-годишниот Симон Присаѓанец, освојувач на 54.место со 3 поени. Најуспешна шахистка е Теодора Ѓорѓиеска, ќерка на погореспоменатиот Дејан Ѓорѓиески.
Следниот важен шаховски настан во Прилеп е турнирот “МАТ”, најавен за 11 Октомври, во СОУ “Орде Чопела”.
![]()

