Ракомет
Екипата Прилеп есенва има секакви резултати, од се по нешто: две победи, една нерешена, еден пораз. По првите две победи – дома 38:31 со Куманово, на гости 30:29 со Младост во Богданци, следеше прво реми 28:28 дома со кавадаречки Тиквеш и прв пораз – 34:18 на гости од Охрид. Очигледно охридскиот тим се оддалечил со квалитетот, приближувајќи се до најдобрите македонски екипи, па Прилеп шансата за успех ќе ја бара против другите, од подолната група. Така, в сабота од 19 часот, во салата од СОУ “Ристе Ристески – Ричко” е дуелот Прилеп – Струга, нова шанса за два бода во контото на прилепскиот тим. Табела: Алкалоид и Вардар 8, Охрид и Еурофарм Пелистер 7, Тиквеш и Прилеп 5, Струга и Еурофарм Пелистер 2 по 2, Бутел, Младост, Мулти есенс и Куманово 1.
Во Супер лигата за жени, Деспина по поразот дома 24:46 од Вардар, следниот меч го има на 11 октомври, со МРК Ѓорче Петров во Скопје.
![]()

