Во Сплит
Во Далмација, на Јадранското Море, распослан е Сплит. Тој е административен центар и град со душа. Хрватите велат дека е најлудиот град на светот, со убави жени, ама и спортисти и талентирани музичари. Втор град по големина град е во Хрватска Дом е на над 200.000 жители околу планините Мосор и Козјак од копното. Блиску се островите Брач, Хвар и Шолта.
Градот се развил околу познатата Диоклецијанова палата, стара 1700 години. Под заштита е на Унеско. Препознатлив е по сплитската Рива. В очи паѓаат бројните антички градски градби и убавите плажи.

Првата средба со градот е воодушевувачка. Па и восхитувачка, покрај повеќето престои, зашто секој “допир” со Сплит е ново откривање и ново пријатно доживување. На гостите најмногу им се допаѓа центарот, стариот град. Но, и пристаништето и омиленото градско шеталиште. Тоа есредиште и на младите жители, зашто, за нив, е како модна писта, локација за шпацирање на дотерани девојки и момчиња. Впрочем, тоа е срцето на градот, зашто тука е влезот во Диоклецијановата палата. Градбата е со четири кули и врати на секоја страна. Сочувани се спомениците и се доживува како ремек дело на римското градителство. Дури и дел од жителите нашле покрив над главата со свои домови во палатата. Во тесните илички на палатата привлекува Перистилот, централниот плоштад со римски столбови и црна египетска сфинга. Интересен е Јупитеровиот храм. Привлекува и катедралата Св. Дује од седмиот век со камбанаија и ѕвоно од 13 век. Таа е комплетно е обновена и атракција за туристите, кои можат да се качат на врвот и да уживаат во погледот на целиот град.

И најтесната улица во Сплит е атракција, на која се разминува со зборовите “пропуштиме ме да минам”. На еден од излезите е Златната врата со споменикот на Гргур Нински, креирана од познатиот уметник Иван Мештровиќ. Според легендата, треба да се протрие прстот на скулптурата и да се посака желба. Затоа палецот е доста излижан, а споменикот повеќе пати е реставриран.
Најживописна улица е Мармонтова, зашто води до хрватскиот народен театар од 19 век. Народниот плоштад Пјаца е со стариот саат.
При разгледувањето на Сплит нужно е да се остави време зелениот рид Марјан. Тоа е омилено место за жителите за рекреација. Љубителите на фудбалот, можно е да најдат сувенири од ФК Хајдук. Можно е да се разгледа и стадионот Пољуд.
По задоволување на љубопитноста, се седнува на ривата, во некој од рестораните и се вкусува медитеранската храна во која доминираат специјалитети од риба и други традиционални јадења кои се наливаат со далматинското вино.
Текст и фото: Каролина Мицевска
![]()

