„Денес, кога станувам пионер..“

Сe до 1991 година, односно до распаѓањето на социјализмот, задолжително беше секое дете кога ќе наполни седум години да стане титов пионер. Датумот беше секогаш ист – 29 ноември, Денот на републиката. Прилепските, како и другите деца, манифестацијата ја сфаќаа многу сериозно. Со денови, ако не и недели, ја учеа заклетвата за приклучок во пионерската организација. Сите дечиња со сини титовки и црвени марами околу вратот, со родители, баби и дедовци, во хор ќе дадеа заклетва дека од тој ден се колнат за верност кон Тито. Децата беа охрабрувани од учителите да ги цртаат знамињата на Југославија и СР Македонија, на мали листови од блокчиња.

По 91. година, децата немаа “државни” обврски. Добиваа лепенки од Обединетите Нации, дека станале членови на детското глобално семејство. Сепак, кои станале пионери, веројатно уште ја чуваат марамата и капата, како доказ дека минале едно животно поглавје, без оглед на промената на општествениот систем.   

Loading