Градоначалникот ми е сосед, ама го гледам само на телевизија.
*
Наместо се’ или нешто сега се бара се’ или сешто.
*
Не може да успееш во животот ако постојано ги менуваш насоките.
*
Коњот не се одбира според седлото.
*
Само кај слатката кафеџијка пие кафе без шеќер.
*
Се’ повеќе трчаат наоколу обидувајќи да им избегаат на долговите.
*
Се може да се направи со туѓи пари, почнувајќи од полнење џебови и сефови.
Д-р Хаџи-Васков
![]()

