Кај манастирот Св. Ѓорѓи кај селото Пашино Рувци
Празникот на пензионерите, 20 септември, дел од прилепските и пензионерите од од Демир Хисар и од Битола го одбележаа со заеднички пикник во манастирот Св. Ѓорѓи во селото Пашино Рувци. Врнежливото време не им одеше во прилог, па во трпезариската сала немаше доволно место за околу 500 гости и домаќини. Покрај неповолното време, на пензионерите не им беше тешко да заиграат големо оро меѓу масите во салата. Танц на глава пред ороводците изведе и Драган Цикуроски.

Прилепската асоцијација на пензионерите го поднесе трошокот, а пензионерите учествуваа само со 100 денари за превоз.
Претседателот на ЗП Прилеп, Славко Трајкоски, им пожели пријатен помин. Радосни моменти посака и градоначалникот на Кривогаштани, Игор Каравилоски. Томе Велјаноски, нашиот сограѓанин кој живее во Гетеборг во Шведска, кој потекнува од селото Марул, подари стотина книги од сопственото творештво.
На пикникот присуствуваа и дел од членовите на здружението на инвалидските пензионери од Прилеп.
К.Р.
![]()

