Вриеж во Бучин!

Фудбал: Трета лига

Прилепските фудбалски симпатизери се прилагодууваат веднаш на новата реалност, Третата лига – Регион 4, во која учествува и ГФК Победа. Каде што е Победа, таму се и прилепчаните. Така, нема да биде изненадување многумина да отпатуваат во Бучин в недела. Желбата е да се помине веднаш третолигашкиот ранг, а потоа да се размислува и за следниот чекор. Мечот е утре (сабота) од 16 часот во Бучин.

Домашниот тим последно време се натпреварува на ова ниво. Лани го освои 10.место меѓу 14 екипи, со забележан триумф од 6:5 врз првакот Борец од Велес. Есенва, на двете кола, Бучин има една победа (6:3) дома  над неготински Вардар, како и 1 пораз во Росоман (3:2). Од друга страна, ГФК Победа има и втор триумф, дома, со 10:0 над Влазними јуниор од Пресил.

Одлично е и Големо Коњари, со победата на гости од 2:1 над Вардар во Неготино, каде гостински стрелци беа Емир Каришиќ во 89 и Беким Алимоски во 91 минута. Чудо, пресврт за две-три минути, од 89 до 91 минута. Црвен картон токму тогаш доделен на стрелецот Алимоски. В недела (16 ч.) Големо Коњари дома игра со Росоман. Другите прилепски третолигаши играат меѓусебно, Ултрас Прилеп – Млекар Мало Коњари, на Вештачката трева в недела од 16 часот. 

Табела: ГФК Победа, Венец, Борец, Победа Пепелиште и Големо Коњари по 6, Росоман 4, Бучин и Превалец по 3, Влазними јуниор 1, Башкими, Вардар Н., Питу Гули, Ултрас и Млекар 0.

Loading