Тофилоски во Италија

Фудбал Дете голман

Бргу напредува детето, голман Алексеј Тофилоски. Има само 10 години, а веќе често е повикуван од српскиот гигант Црвена звезда од Белград. Неодамна, заедно со клубот беше на турнир во Торино. Бидејќи е многу мал, го придружува татко му, познатиот голман Дарко, којшто и на 40 години успешно го брани голот на ГФК Победа, гол воопшто незатресен есенва.

Алексеј има многу тренинзи и натпревари во Школата Перак, чиј член е, а еве и во Звезда настапите се се почести. Покрај во Торино, зад нас се уште турнирите во Словенија, овдешниот Илинден-куп, во Хрватска. Со нетрпение се чека нова покана. Стручњаците од Звезда дале позитивно мислење за нашето прилепско голманче.

Школата Перак е од професорот Зоран Димоски – Перак.

Loading