Прием кај министер

Параглајдерство

Поради големиот успех, македонските параглајдеристи се примени кај министерот за спорт Борко Ристовски. На Европското првенство во Крушево меѓу130 учесници од 30 држави, тие освоија медали – злато преку Ана Бергер во женска конкуренција и сребро во машка екипно, каде настапи Мартин Јованоски со Дарко Станковски, Ѓорѓи Ристовски, Глигор Зафиров, Александар Гацевски, Благоја Гроздановски и Јован Северов.

Долга е традицијата и квалитетот на македонското (прилепското) параглајдерство. Нема случајност  во најновото достигнување, ако се знае дека Дарко Станковски и Мартин Јованоски се на третото и четвртото место од Светската ранг листа. Цела машка репрезентација има високи пласмани за 4 години – четврто место на Европското во Србија, трето на Светското во Франција и второ на Европското во Крушево.

Loading