ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (354) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Настанот во Канатларци, во нашето село Марул траеше кратко време бидејќи се случи смртен настан на марулската жена Петреска Ванѓелова Лоринка Бабјакоска родена 1932, омажена 1950 година за Пупески Ќиро терзијата од с. Добрушево. Си остави маж вдовец и три малолетни деца сирачиња Живко, Горица, Пецо преселени во Прилеп. Тоа се случи неколку дена пред верскиот празник Голема Богородица.

Петреска Ванѓелова Лоринка Бабјакоска која марулци ја вика Лора беше лична, симпатична, весела по карактер и дарбосана ораџица. Зар нема на кого кога сета нејзина рода по татко е се гајдаџии, ораџии. Исто така, по мајка е Мара, вујко е Јованоски Димитрија талентиран музикант за со гајда и кларинет. Неговиот татко Јованоски Анѓеле 1883 – 1917 убиен на Добро Поле, неговите познајници велеа, Анѓеле кога свиреше, и мртвите го слушаа. На Лора, брато Митре Бабјак и слепите ќе ги поведи на оро. Има една изрека во Марул, се родува Бабјаче, прооди на оро после оди. Бабјаковци се првите бранители на марулскиот сињор од сосоедните напади со стоката. Лоринка кога се мажеше, денот беше сончев во 1950 се расчу да добрушевските свадбари Лора ќе ја земале со трактор. Нашите поголеми деца од нашето маало Средно Маало Втора бригада направија собир и ние помалите отидоме со нив кај Ванѓеловци Бабјаковци да го видиме тоа чудилиште тракторот, прв пат видено тогаш. Трактор со четири тркала. Тогаш ја видовме Лоринка како невеста облечена во селска носија по порачка на момчето Ќиро за да не си го понижи терзискиот занает, тој и ја припремал нејзината невестинска селска носија.

Како што се гледа во пописот од 1960 година селото Марул ги имало следните жители: Прва бригада Западно маало 20 домаќинства со 157 жители, Втора бригада Срдено маало 17 домаќинства со 99 жители и Трета бригада Јужно маало 16 домаќинства со 104 жители или вкупно домаќинства 53 со 360 жители, плус наставнико во училиштето Секулоски Бранко.

Од овие спомнати марулски жители, 90 отсто беа да и дадат почит дома кај Ванѓеловци – Бабјаковци. Повеќето од домаќинствата во Марул се во крвна, роднинска врска со татко е Ванѓел или со мајка е Мара на починатата Лоринка.

Некаде пред пладнина со погребната градска кола од Прилеп, Лоринка на вториот ден од нејзиното умирање беше донесена кај Ванѓеловци во Марул, така речено спремна за погреб од дома во ковчегот. Се задржа толку време додека домашните бидат спремни. Свештеникот, месарицата, гробарите  и др. работи. После пладнина поворката тргна со починатата Лоринка за во црквата за погреб. Народ незамислено колку беше присутен. Откако свештеникот Смилевски Ванѓел од Добрушево ги направи сите адети над починатата Лоринка, четворицата гробари Атанасоски Алексо Танески, Атанасоски Јован Танески, Јованоски Лазар Курела и Ризоски Борис Бошески го крена ковчегот со Лора и го положија во нејзиниот вечен дом. Откако беше направен погребот имаше и ручек за душа на покојната Лоринка.

Отслужните лица за погребот

1. Атанасоски Алексо Танески, гробар втор брачед на мајка е Мара по рода Танески,

Атанасоски Јован Танески, прв брачед на Мара,

Јованоски Лазар, втор брачед на Мара по родо Курелоски,

Ризоски Борис Бошески, жената му Ристана е по род Бабјакоски

5. Јованоска Душаница Правда и е снаа на Мара за прв брачед од стрико по родот Курелоски,

6. За негователка утро вечер до шесте недели на гробот од Лоринка беше назначена Ризоска Боризова Цветанка Башеска, прва брачеда на Мара од тетка по родо Курелоски,

7. Свештеник Смилевски Ванѓел од с. Добрушево.

Во голем број ги имаше присутните на погребот на Лоринка, место за радост собир за јадост. Со судбината на чедото Лора, ванѓеловата гајдаџиска зурла замолкна дотогаш преку ноќта го веселеше марулското поле. И покрај тропањето на клопотарците, клакачките и ѕвонците на овните, неговиот мелос од зурлата се пробиваше до сите будни луѓе во ноќта. Прстите од рацете почна да му омодруват, но со времето се стабилизира.

Наближува денот први септември за почеток на новата учебна година 1960/61 со нови дееца ученици родени во 1953 година. Наставникот ќе биди истиот Секулоски Бранко од с. Алинци, прилепско. Нови ученици за во прво одделение за новата учебна година 1960/61 се следните деца ученици:

1. Анѓелеска Живкова Живка Стеваноска

2. Атанасоски Неданов Војне Танески

3. Ѓорѓијоска Стојанова Весела Николоска

4. Здравески Атанасов Стојан Чонески

5. Мојсоски Ванчов Славе Колески

6. Ризоски Боризов Панде Бошески – ценоски

7. Цветкоска Миланова Ѕана Димитријоска

8. Тошеска Благојева Тодорка Јолеска 1954 забаваче.

Пред да се случи трагедијата со Лоринка, родено чедо на Ванѓел Бабјак ние овчарите често пати имаме ноќни средби со полјакот Јолески Благоја, во разговорот со него во ноќно време тој го фалеше Ванѓел за чесен овчар и домаќин човек, знам каде е со свирењето. Откако се случи несреќата нашето поле онеме. Исто така, е и со овчарот Павлески Јованче кој свиреше со овците ноќе со зурлата со несреќата на Лоринка и тој прекина. Тие се блиски роднини, неговата жена Анѓа му е сестра на Ванѓел Бабјак.

Наближува денот селската слава Мала Богородица. Селото се припрема за славата, најважно е со вршидбата беше завршена работата, останува в поле пролетната култура, бостаните, пченките, сончогледите, лозјата, тутуните и градините. Вечерта на славата веселба со музика од двата пола. Свирачи беа ношпалци Гоце, Мише  Вешерески тапанџија им беше Грујоски Бале, а приклучен кај нив Симон Чонески Марулчето. Веселбата на сред селото заврши мирно и весело.

Таа вечер овчарите користат прилика лозовите насади парцели кој е собрана, грозјето за вино и шира за денот таа вечер ги опасуваат со овците и ги затворат во кордите за преноќевање. Овчарите се иста мисла секоја ноќ, се будни и на нозе се сега, нека мируват во кордите, во утринските саати овците се пуштија на пасење. 

Продолжува    

Loading