Рогозница, Хрватска
На околу 35 километри од Шибеник, на дел од копното, се наоѓа малиот најјужен град на шибеничката ривиера, Рогозница со над 2300 жители. Распослан е на јадранската магистрала, меѓу Риека и Сплит. Блиску се аеродромите во Сплит и Задар.
Рогозница е околу морето, поделена на два дела. Во средината е центарпт. Градот нуди море, мир, тишина и преубава природа.




Првиот доказ за постоење на населбата датира од 1390 година. Плашејќи се од Турците, луѓето се населиле на блиското островче Копара. Кога минала опасноста, се вратиле на копното. Во Рогозница постојат остатоци од тврдина што Французите почнале да ја градат во 1809 година, а во другиот дел од градот е црквата Св. Никола, и малата црква на блажениот Јован Трогирски од 14 век.
Крајбрежјето е долго речиси 50 километри каде се нудат бројни плажи со камчиња или карпести како што се Шепурине, Остричка лука, Горњи Мули… Љубопитните намерниците ги откриваат многуте допир на земјата и морето. При сместувањето во хотелоте или ресортите, се ужива и одмора се крај “сопственото” море. Пријатна е прошетката низ Рогозница. Атрактивна е марината Фрапа со 400 сидришта на море и 150 на копно. Блиску е природниот феномен, соленото езеро Змејовото око, опкружено со карпи. Посетителите често уживаат во скокови. За езерото се врзуваат многу легенди, па и за змејот кој битисувал тука.
Задоволство предизвикува мистичниот рид над Рогозница каде се судираат северните и јужните ветрови, создавајќи мистични бранови. Некој кренал мала црквичка посветена на Св. Иван Трогирски.
“Легнува” и стариот дел. Освојуваат тесните, каменести улички со традиционална далматинска архитектура. Ривата во лето е полна со народ, особено во вечерните часови. Привлекува лавиринтот од лаванда, во чија средина е споменикот на Мајката Божја. Надвор од место постојат локации за излети. Може да се види популарната Сина лагуна.
На крај секако не би требало да се пропушти да се вкуси некој далматински специјалитет зготвен со локално домашно маслиново масло и вино во бројните ресторани. Во елитниот период се организираат повеќе концерти. Некои, покрај морските забави со едрење, нуркање и други водни спортови, преферираат планинарење. Ако престојот е подолг, пожелно е да се видат блиските јадрански поголеми градови, Шибеник и Сплит, па дури да националниот парк, Крка.
Текст и фото: Каролина Мицевска
![]()

