Ракомет
Екипата Прилеп нема избор освен да се бори за успех на секој меч сезонава, поради, поставената цел, пласманот во горниот дел од табелата, во Плејофот. Се оди храбро и в недела, кај силниот Охрид, кој последниве години е многу силен и се доближува до најквалитетните екипи во земјава. Во претходните кола дома одигра нерешен меч (28:28) со битолски Еурофарм Пелистер, а ги совлада Струга (33:16) дома и Бутел (41:32) на гости.
Прилеп е тим што може да даде достоинствен отпор, поради високата форма што се одржува со освојувањето на турнирот “Миле Нешкоски”, со првенствените победи во Супер лигата на Македонија, 38:31 над Куманово и 30:29 на гости, кај Младост во Богданци. Таму Димиитар Димитриоски даде 10 гола, а и голманот Благојче Трајкоски одбрани 10 удари. Во средата се одигра дербито Прилеп-Тиквеш (28:28),
Женската екипа Деспина, по ремито дома со битолски Пелистер (21:21) и поразите – дома од шампионот Ѓорче Петров (18:44), на гости од Атлетик во Скопје (28:18), следниот меч го има на 4 октомври, дома, со Вардар од Скопје.
![]()

