После еден особено силен удар што го натера пак да го стави коленото наземи, Каран викна: “Зар толку многу ме мразиш, самовило? Какво зло ти имам направено, освен што те сакам повеќе од мојот живот?!”.
Слушајќи ги зборовите, Темјануга скокна и отстапи неколку чекори. Ја закачи сабјата в земи, падна на колена, си ја стегна главата со двете раце и почна да плаче. Изненаден, противникот ја погледна, па полека ја врати сабјата во ножницата, свирна да го викне коњот. Скокна на него окуражен од девојките кои му велеа брзо да замине и се оддалечи во ноќта. Откога ја напушти зоната осветлена од надприродните суштества, го забави одењето заради густата темнина во шумата. Уништувачки ветрови се брануваа во неговото тело, Си рече. “Колкава несреќа е да се биде безнадежно заљубен”! Но, некој се движи со брз галоп низ мракот во непроодната гора. Се слушна во громогласно тркалање на бојна кола во полна брзина. Ако е смртник, неизбежно ќе си го скрши вратот, и тоа многу брзо.
– Димо, Димо, почекај!
Ја тргна уздата од коњот:
– Да, Темјануго.
Во темнината нејасно ја здогледа бојната кола и возачот. Таа гледаше ноќе како сред бел ден. Ги погодила неговите мисли и одеднаш се појави светлина, блага, ама доволно за очите од смртникот. Човекот слезе од коњот и се доближи до бојната кола.
– Слушај Димо, љубов меѓу нас не е можна.
– А зошто, самовило?
– Затоа што ќе ме гледаш секогаш млада, а јас ќе те гледам како старееш, како опаѓаш и умираш. За мене тоа е големо страдање. Освен тоа, закони што не ти се познати забрануваат да се омажам за смртник. Имаше исклучоци, за да се направат деца, но дозволите од боговите се ретки и тешко се добиваат. Барај некоја смртна сестра. Твојава земја врие од убави млади девојки -му рече Темјануга.
– Тебе те сакам, Темјануго.
– Не мисли повеќе на мене. Подобро е за двајцата.
Со наредба на коњите, ја сврти бојната кола на тесното место меѓу дрвјата. Благата светлина исчезна, заменета со поголема темнина. Каран остана да го слуша како се оддалечува шумот и полека се губи. Се качи на коњот и си отиде со обично чекори.
Рано наутро во летниот ден утврдената куќа, палата, од Димо Каран почна да пулсира со необично размрдување. Се колеа говеда, кози, се палеа огнови и се спремаа ражни во дворовите. Под погледот од фрески раширени по ѕидовите, мажи и жени откачуваа од шајки оружја, па ги чистеа. Ги светнуваа мозаиците, постилаа софри, редеа златни и сребрени клупи. Миризбата од пресно печен леб се ширеше, мешајќи се со чадот од огновите и од темјан. Популарни пеачи и поети се насобраа, очекувајќи да ги веселат гостите. Дојдоа и музиканти со инструменти, придружени од танчарки и танчари. Бардиња со вино шетаа во една соба, каде неколку поканети Македонци, чекаа да преминат во големата сала за приеми, кога ќе пристигне персиската делегација. Филозофот Ѓорѓија на својот сосед на масата, Стамен, му изложуваше една од омилените теми. Генералот Кала говореше тивко со домаќинот Каран за новите персиски барања за Македонија. Завиткани во вешт дипломатски говор, заклучи дека кога-тогаш нужно ќе биде да му се покажат забите на “пријателот”, што претендираше да наредува, иако беа.
(продолжува)
![]()

