Кога некој вели дека ништо не јаде, а се дебелее и не може да ослаби и има вишок на килограми, иако внесува малку калории, би требало да има проблем со хормоните. Инсулинот е хормон за контрола на транспортот на глукозата од крвта во клетките на телото и ја обезбедува потребната енергија. Диетата без слабеење е плод на еден вид ,,алергија,, на клетките на сопствениот инсулин, односно инсулинска резистенција која дебелее без јадење.
Специјалистите велат дека луѓето со инсулинската резистенција, дијабетес и дебелина, не смеат минимално да внесуваат јаглехидрати. Со одрекувањето почнува драматична промена во телото. Со исклучување од исхраната на овошјето, соковите, тестенините, компирте, оризот…, во долг период на организмот му се создава проблем. Гладувањето треба да биде постепено, под надзор на лекар.
Причина за дебелеењето е високо ниво на инсулин во крвта, ако се исклучи хормонско пореметување и претерувањето со храна. Оној кој многу јаде, секако ќе биде дебел. Проблем е кога не се јаде многу и крвните анализи се добри на прв поглед, а сепак се дебелее. Се изгледа здраво, а тешко се слабее и брзо се дебелее. Малкумина веруваат во приказните дека не јадат ништо, а се дебелеат. Ова е последица на инсулинска резистенција. Таа е тивка незабележлива болест која дебелее и трае со години и децении. Се нарекува преддијабетична состојба која на крајот завршува со дијабетес.
Постојаното јадење, грицкање, доведува до хормонско пореметување, заболена тироидна жлезда, рак на надбубрежната жлезда, промена на цревната флора, заболен панкреас. Телото станува алергично на калории и дава отпор на шеќер од прекумерна храна. Телото не го носи шеќерот до клетките, бидејќи се полни со енергија, без разлика дали станува збор за вити или дебели. Настанал проблем со метаболизмот на шеќерот. Се трупа во организмот и се претвора во масти кои се таложат по телото и тежината расте.
Ова се случува и на дебели и на слаби луѓе. И на веганите, и на макробиотичарите и на спортистите, бидејќи тоа не е прашање за економија на калории, колку калории влегле и колку се потрошиле, туку за тоа колку калории се внесуваат перманентно. ,,Моторите,, за согорување на шеќерот се расипуваат од премногу јаглехидрати. Дел од енергијата се троши низ активностите, а останатото се претвора во сало. Нужен е внес на малку енергија, шеќер, а потребен е поголем трошок низ физички активности за слабеење. Тоа е реалност.
![]()

