ДЕМОКРАСТКИОТ ПРОЦУТ ГО ДОНЕСЕ КРСТОТ

Жикица Петрески за поставувањето на крстот на Саатот пред 31 година

На Крстовден пред 34 година на Градскиот саат беше симната петокраката и беше поставен крстот кој уште го краси “натопорениот”, гордоста на Прилеп, како што милуваат да го наречат споменикот на културата. За мотивите за промената на петокраката се сеќава Жикица Петрески кој тогаш беше потпретседател на Собранието на Прилеп.

– Немаше некој посебен мотив, но тоа беше раскрстување со комунизмот, се менуваа имиња на улици, грбови на општините… Идејата беше на претседателот на Собранието на општината Илија Димоски и на владиката Петар. Бевме пред битолчани кои се носеа со истатата идеја. Одборниците дадоа виза и беа запознаени раководителите на службите на состанок. Сите знаеа дека до 1952 година имало крст, кој бил симнат и била поставена петокраката. Саатот веќе беше почнат да се навалува и се донесе одлука за да не се наруши статиката, стариот крст кој бил тежок и не можел да се најде, оти бил направен од монети кои се менувале, да се направи нов крст од алуминиум кој го изработи фирмата Алумина од Скопје. Граѓаните донираат на посебна жиро сметка. Сите фирми даваа донации. И еден фудбалер кој извади 200 долари од џеб и донираше. Парите се внесоа на сметката. Во тогашниот весник Народен глас излезе објава кои прилепчани донирале, а тој список како додаток требаше да стои во Саат кулата, но никогаш тоа не се случи – се сеќава Петрески.

Неговиот скромен прилог бил 20 илјади денари, нешто повеќе од платата.    – Уплатата сум ја извршил ден потоа, а не знам зошто точно тогаш. Можеби заради недоволно собраните средства од донациите или пак тогаш била исплатата на платата, не се сеќавам – објаснува Петрески кој тогаш беше потпретседател на Собранието на Прилеп.

Крстот тежел 60 килограми. Народот позитивно гледал на промената. Имало реакции од Министерството за култура, од Владата, сепак се спровела замената во целост. Според Петрески тогаш имало повеќе демократија отколку сега.

– Промените во другите држави се правеа со ќеф, а кај нас со потешкотии. Тогаш имаше многу големо разбирање и се водеа дебати меѓу политичките партии. Во дискусиите е демократијата – вели Петерски.

Призанава дека партиската активност ја замрел во ВМРО-ДПМНЕ. Не се согласувал со многу работи.  

ГО ПУШТИЛЕ ОД ЗАТВОР ЗА КРСТОТ

– Човекот кој го местел крстот беше на ослужување на затворска казна. И беше ослободен за да го изврши поставувањето – се сеќава Петрески.

Крстовден

Воздвижение на Чесниот Крст или Крстовден е значаен христијански празник. Секогаш  паѓа на 27 септември по стариот календар. Крстовден е празник на пост и покајание. Овој ден се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос, наречен Чесен Крст, и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст. На овој ден верните се потсетуваат на распнатиот Богочовек, на Крстот достоен за безусловна верност, и на неизбежното спасение кое доаѓа преку Христовото Распетие и сораспнувањето со Него. За време на празникот, Крстот е положен во центарот на Храмот, окружен со цвеќа и гранчиња босилек.

Се слави двапати во годината, 18 јануари и 27 септември.

Некои семејства го слават како куќна слава.

Loading