Фељтон: Томе Велјановски
Распуст на учениците од училиштето Велјан Новачески во с. Марул за учебната 1959/60
Во денот Недела, после Духовден беше исто така весел ден поради беше школскиот летен распуст, завршетоко на школската настава. Училницата полна со присутни гости. Имаше припремено училишна драма и раскажување стихотворби од учениците.
Откако завршија сите предвидени училишни програми класниот раководител Секулоски Бранко од прилепско Алинци седна пред школската маса го отвори дневникот, ја прочита ученичката дисциплина на учениците за голема пофалба и успехот на сите одделенија. Исто така прочита кои ученици го завршуваат четврто одделение и наградените ученици.
Ученици со завршено 4-то одделение:
1.Атанасоски Неданов Ќиро Танески;
2.Василеска Трајанова Верка Василоска;
3.Јованоска Алексова Зора Курелоска
4.Јовческа Благојчева Лоринка Велјаноска;
5.Јошеска Петрева Павлина Котеска;
6.Митрески Степанов Алексо Мурџески;
7.Мистреска Степанова Дуна Мурџеска;
8.Павлески Ацев Гоце Петрески;
9.Ризоска Боризова Бисера Горни Башевци;
10.Ризоска Боризова Даринка Долни Башевци;
11.Ристески Танев Ванчо Танески.
Со тоа заврши учебната година за 1959/60.
Но, денот Петровден, 12 јули 1960 година после посетата на црквата во попладневното време имаше селски состанок соопштено во претходната вечер од страна на селскиот протуѓер Ризоски Борис со гласно соопштение од кај средселото.
Главна точка на состанокот беше на средселото означување на определено место до каде да се пасе стоката без одговорност и таа линија е наречена тембик. Ова временска забрана ќе трае додека се жнее и врзаните снопови се направат во купови. На тој состанок на средселото селскиот одборник Јовчески Ванѓел (кмето) имал во себе една хумана идеја, тогаш ја изнесе пред насобраните марулци. Во Марул има тринаесет булуци овци, предлагам со по едно наутро молзење да му се даде помош на нашиот полјак Дојчиноски Божинов Благоја (Јолески) поради има една крава од сортата буша која не е вредна за да ја задоволува куќната потреба.
Предлогот од одборникот Ванѓел беше едногласно прифатен од сите присутни. Сите тринаесет булуци овци колку што беа тогаш во Марул по едно молзење наутро му подарија бесплатно млеко на марулскиот падар Дојчиноски Благоја Јолески кој со сопругата Илинка и малата шестгодишната Тодорка беа радосни, си направија биено сирење, урда (изварка) и маст, се осетија неизолирани од нивните соселани марулци. Млекото кај Благоја се носеше групирано од овчарите по негова порачка. Благоја и жената му Илинка кога правеа сирење за помошник го викаа пријателот на Благоја, Велјаноски Благоја, изврсен мајстор за правење биено сирење. Кога тој носеше негово биено сирење на пазар, купувачите за сирење го познава Благоја Велјаноски и го чека како строј пред аптека, сирењето негово за час е продадено, дарбосан мајстор. На децата воловарчиња полјакот Благоја бил строг, штом го виделе оддалеку групата се растурала, воловарчињата се делеле секој посебно, додека Благоја ќе замини страв лозје чува.
Во с. Канатларци од ова година 1960 ќе почни да се слави селска слава Св. Илија – Илинден.
Како што е познато после распадот на колективот во пролетта во 1953 година во некои села се формира нови земјоделски задруги. Како што се знае с. Канатларци пред колективот, имало 341 домаќинство, од нив 42 влегле во Колективот, додека 299 останале во приватен сектор. После распадот на РСЗ во Канатларци селото сто отсто се приватизирало, се занимавале со земјоделие, прочуените бостанџии, сточари со крупна и ситна стока. Крупна стока ги има повеќе гајдарски булуци. Но, кај нив се појави друга идеја, селото почна да се иселува во Турција, коментирано од народо заради пристисок од властите за одбележување на женскиот поле и непуштањето за описменување на младата генерација. За прва христијанска фамилија доселена во с. Канатларци беше шнајдеро – терзијата Васил и неговиот дедо, татко на неговата жена Мита фамилијарно од кичевскиот крај во 1955 година.
Се појавија лица екстремно настроени незадоволни со доселувањето на христијанските фамилии во нивното село. Во една ноќ, истата година 1955 беше вандализирана куќата на шнајдеро Васил. Власта брзо и ефектно реагираше, сторителите беа откриени и земени на одговорност. Еден од тие одговорни лица од сторителите живееше на средселото према теќето пато кој води на средселото каде се собират пашитите добици и кој имаше црна бенка на лицето и се исели во Турција.
Со иселувањето на домородното население од Канатларци и продажбата на секуќниот имот, земја, куќа, куќен инвентар, стока и друго нагло се доселува нови доселеници во купените имоти од разни краеви, Мариово, Демирхисарско, кичевско, охридско, струшко, па и од околните села дури доселени ги имаше претежно кои пократко време одеа во Турција. Кантларци стана административен центар за околните села. Со матична служба, пошта, здравствена установа, школски паралелки за петто и шесто одделение, пазар за ситна стока во четврток, исто така за куќен инвентар, влачарница, ковачници, коларска дрвена работилница, берберница, продавница, менза, тоти ЗИК Прилеп.
Самите христијански македонски доселеници на една конференција донесоа одлука да селска слава да им биди денот Илинден, македонски симболичен ден. На таа прва слава Илинден во Канатларци се виде према носијата да прославата за Илинден е од повеќе краеви од Македонија.
Народ плева, шест оркестри. Повеќе од народот беа гости кои се стремеа да ги видат своите иселеници во каква нова средина живеат. Селските домаќинства преполни со гости, веселбата без некои илинденски симболи, обележја. Домородното население за тој ден беше миноритетно. Веселбата за тој ден заврши мирно – весело. Преку денот од потрошените прехранбени артикли и напивки во канатларската продавница и слаткарницата имаше дотур од повеќе кооперации од селата на Општина Тополчани за да се задоволи потребата на народот преку тогашното прехранбено претпријатие Црна Река. Овој настан со денот Илинден во Канатларци не беше обичен, туку историски настан. Од нашите околни села Бонче, Лопатица, Подмол, Марул се гледаше теќе од народ од Штавица со влегувањето од источната страна за во Канатларци преку Добрушево, Ерековци, Шелеверци и други влезни патишта за во Канатларци. Средбата во Канатларци им беше во устата на секој очевидец присутен на тој ден во Канатларци каде заврши весело и мирно.
Продолжува
![]()

