Даниел Мелвил Македонска рапсодија 136                    

Темјануга ги тераше двата бели коњи во пеколен галоп, стимулирајќи ги со гласот и со камшикот, ама без да ги удира. Позлатената бојна кола скокаше на нерамнниот терен, додека самовилата мораше цврсто да се држи да не биде исфрлена наземи. Утробата и се искачила во главата со сребренеста лента од ткаенина. Челото, украсена со голем аметист, го вееше ветерот. “Леташе” и нејзиниот полубутен фустан, стегнат на половината со широк појас и голема златна тока. Сандалките и беа блескаво црвени, а ноктите од ножните прсти бојосани со виолетов лак. Една алка над левиот глужд и две широки белезици на бицепсите зрачеа блага виолетова светлина. Многу  доцнеше и затоа брзаше. И плачеше. Крупни солзи како момински í се тркалаа по образите, брзо однесени или исушени од струењето на воздухот. Со долгите музикантски прсти со нокти жолто лакирани ги бришеше образите влажни од солзи. Бура í беснееше во градите. Неверојатно, ама вистина, Темјануга, самовилата се заљубила! Кога ја виде шумската чистина со нимфите, а таму смртник Димо Каран, и заврши внатрешната хармонија. Тој постојано стана присутен, внатре во нејзиното тело и во нејзината душа.

Таа беше прописно предупредена пред да тргне за планетата Земја дека треба да биде претпазлива, да ги избегнува чувствата спрема еден смртник кој би можел да стане за неа, како и во случаи на други нејзини посестрими, огромна драма. Една бессмртничка и еден смртник. Резултатот од таквата врска не може да биде добар. Ужасно е да се гледа како саканото суштество старее и умира, кога партнерката останува млада надвор од дофатот на смртта. А што да се рече за слободата? Да се љуби значи да се изгуби добар дел од својата слобода. Сепак, еден внатрешен глас í шепотеше дека тоа не е тешко, бидејќи кога силно се сака, да се изгуби својата слобода не е превисока цена за добиената среќа.

Кога дојде до чистината за празнувањето, беше доцна. Месечината  зајде, ама посестримите осветлиле со магиски ламби. Прво лица што го забележа, беше тој. Со едната рака држеше самовилска флејта, а со другата ги триеше прстите што го болеа заради долгата работа. Ама, полунасмевка, нијансирана со иронија му играше на усните. Темјануга ја извлече сабјата, го зеде својот мал тркалезен штит и се втурна накај него, викајќи: “Брани се смртнику, оти ќе ти ја истерам душата од телото!”.

По долга војничка навика Димо Каран ја разголи својата сабја, го одби ударот чија силина го направи да стравува дека сечилото ќе му се скрши. Отстапувајќи ја испушти сребрената флејта, го стави коленото наземи, но веднаш се фрли наназад и, како во воинствено оро го исползува тоа движење да се се исправи простум. Ударите што му ги нанесуваше Темјануга врнеа како гаст дожд и откинуваа искри од остриците. Самовилите дотрчаа од сите страни, ги опколија двајцата дуелисти, набљудувајќи ги безгласно и, наедно, се поместуваа заедно со нив. Би се рекло дека станува збор за танц, но смртоносен, за смртникот. “Од каде ја црпи својата сила, оваа млада жена, која нема видливи машки мускули?!” Во првата фаза Димо Каран се ограничи на тоа да парира на ударите, но набрзо созна дека доколку не успее да ја неутрализира со добро упатен удар врз противничката, свршено ќе биде со него. Ама, како да го рани прекрасното тело од божествената креатура,  знаејќи дека самовилата нема да умри, брзо ќе се излекува и на неа нема да остане ни трага од повредата?! Ќе се случи како во оние трогателни трагедии без видлив излез, играни во македонските театри од таа епоха.

Како дуелот се одолжуваше, така тој осети како силите му слабеат пред жестината од атаците на Темјануга. По волјата на поместувањата низ теренот, со нога ја допре флејтата што пред малку ја испушти. Продолжувајќи да се брани, се наведе, ја зеде флејтата и се послужи со неа за да ги одбива ударите оти, за разлика од Темјануга, тој немаше во рацете штит. Меѓу гледачките се слушнаа неколку гласови: “Запри, Темјануго, му ветивме дека ќе го пуштиме да си оди слободен, ако успее да не надсвири со флејтата!”.

 (продолжува)

Loading