Ракомет: Деспина
Ретко виден натпревар, соседски дерби-натпревар Деспина – Пелистер, во првото коло од Супер лигата на Македонија за жени. Гостинките од Битола беа прогласени за фаворити, но тоа важеше до почетокот на мечот. Потоа се виде дека домашниот прилепски тим може да парира а во финишот до шанса да победи. Некаде на 15 секунди пред крајот Деспина ем водеше со 21:20, ем имаше напад. Тоа е, речиси, готова победа. Друг епилог не се очекуваше, така секаде и секогаш, така и сега. Но, се случи нешто за неверување. Деспина во напад, некоја гостинска ракометарка направи груб фаул, судиите ништо не досудија, топката ја освоија битолчанките, тргнаа во брза контра, им успеа да шутираат, преку Алексија Ангелковска да израмнат на 21:21. Шок за Деспина! Зарем е можно? Мери Гичева даде 11 гола, Матеа Христоска 4, Маја Ристеска и Анастасија Јованоска по 2, Весна Христоска и Евгенија Илиева по 1.
Од Деспина не беа расположени за изјава. Само тренерот Зоран Спиркоски кусо рече дека цела ракометна јавност видела што се случи и попусто е сега што и да се изјави.
Во следното 2. коло Деспина дома игра со шампионот Ѓорче Петров од Скопје.
![]()

