Фудбал: ГФК Победа против силниот Превалец
Можеби за секое друго место би било чудно или невозможно – публика да се интересира за клуб во третолигашка конкуренција, а претходно клуб со тоа име бил погоре – во второлигашко и прволигашко друштво. Прилеп е сосема друг случај. Овде шесте букви Победа многу значат и затоа се очекува полна трибина в сабота (16.30 часот) на Градскиот стадион “Гоце Делчев”. Мечот од 1. коло на Третата лига – Регион 4 е ГФК Победа – Превалец Велес. Гостинскиот тим од Велес е за респект, оти во минатото првенство беше високопласиран, на 2. место во Третата лига – Југ. Доволно е да се знае дека е клуб со второлигашки белези, со службен претставник, тренер, помошен тренер, физиотерапевт, тренер на голмани…
Домашната ГФК Победа има амбиција за освојување на врвот од табелата. Затоа тренерот Филип Мирчески има на располагање познати имиња кои биле и во второлигашко и прволигашко друштво, како Дарко Тофилоски, Даниел Карчески, Марио Наумоски, Давид Дебрешлиоски, Иса Цанески, Александар Ристески, Давид Паскоски, Марио Дебрешлиоски, Гоце Кузманоски, Димитар Шаркоски…
Други двојки на екипите од ОФС Прилеп: Големо Коњари – Башкими Горно Јаболчиште Велес (недела, 16.30 часот), Борец Велес – Млекар Мало Коњари (недела, 13), Венец Долни Дисан Неготино – Ултрас Прилеп (сабота, 16.30), Влазними јуниор Пресил Крушево – Росоман Кавадарци (во Мало Коњари, недела, 16.30), Бучин Крушево – Вардар Неготино (сабота, 16.30) и Победа Пепелиште Неготино – Питу Гули Крушево (сабота, 16.30).
![]()

