Фељтон: Томе Велјановски
Сите во дворот си терат свој занимливости, некој со ора и песни, со пренесени вистински настани. На чардакот – балконот имаше поставено трпеза како и дома сервирано салати, наредено столици за одмор и омезување кој има желба тенџерињата со салата се полнеа. Слугарите Јованче, Игне, Колески Ванчо, Димитријоски Милан секогаш беа внимателни. Музиката активна, сето весело.
Тука се Ширко Блаже фамилијарно баџанак на Ванчо. Жените му се сестри, се мисли на Цвета и Васка. Тука е Тодорка фамилијарно и момчето Борис од Путурус. Се и законџии, мали девери. Тука е Траенка, сестра му на Ванчо фамилијарно и момчето Борис, нунко од Битола. Ширко Блаже е од с. Мало Рувци. Сите весели, поготово сестра му Траенка и Борис, зето нозе не одмара, а Траенка сите во Марул ја знаат како живо сребро да е.
Школскиот одбор од Марул се договориле со Ванчовци и сите присутни гости – свадбари кај Ванчовци за да ја користат водата од школскиот бунар – рвеник кој има богата вода во него, некаде до пет метра.
Поред сета веселба, Мирко синот ванчов, вработен електричар го запали неговиот мотор и замина низ село за Николев кладенец, се качи на брегот подмолски и нагоре по брег кај Венците, Калуѓерот, под Столовите, Вртешките, под Дробен камен, над Попов камен се врати испотна над Дробениот камен и сврти нагоре со една посилна тура на моторот дојде, допре до ѕидот под Веслец во висина до 1300 метри надморска врвна точка е 1372м.
Мирко се врати дома здрав, читав, неоштетен, голем аплауз и гушкање доби во дворот. После доваѓањето на Мирко од авантурата, свадбарите се спремија за одење в црква и венчавање на младоженците Коле со Блага во марулската црква Св. Богородица. Поворката од свадбарите за венчавка беше пратена со музика, ора и песни до пред реката Горник. Музиката замолкна во чест на сите покојни марулци пред нивните вечни домови.
Откако завршија работите со венчавањето на родот, свадбарите поддржани со жива музика весело со песни и ора по пат се вратија кај Ванчовци за ручање. После ручекот, силата на свадбената веселба како да спласна, се намали. Подалечните гости свадбари почна да се припремат за одење поради свадбата беше само денска. Имаше некој од подалечните места остана за преноќевање кај Ванчовци како обични гости. Таа свадба беше прва свадба во нашето село ограничена како денска свадба со скратено време затова многу присутни на свадбата во наредниот ден, во понеделникот е работен ден, треба да бидат на работа во своите претпријатија.
Да се повратиме, гости за преноќевање останале сестра му на Ванчо, Траенка фамилијарно од Битола. Тодорка, сестра е на Ванчојца фамилијарно од Битола и присестрата Крста на Васка и Тодорка фамилијарно од с. Мојно. Еден човек да не можи да свати какви нози му беа на Траенка и мажот је Борис Џунка, ни минута не мирува, само на нози во играње ора и пеење песни. На Колевата свадба беа видени Павлески Бонев Павле и Павлески Илиев Диме Курназо, внуци од први брачеди од стрико на Ванчо, тоа се прилепчани.
Свадбата од Коле беше осиромашена во присуството на марулски омладинци поради земени на отслужување на воениот рок во ЈНА. 1. Тошески Божинов Љубе 1958 Колев врсник 1937; 2. Јованоски Трајче Јанкоски 1940 како прв брачед на Коле не крвно; 3. Павлески Ванчов Павле, брат на Коле 1939; 4. Митрески Јованчев Петре Мурџески 1939; 5. Петрески Ванѓелов Раде Бабјак 1940; 6. Петрески Петрев Крсте Бабјак 1939; 7. Ристески Крстев Ќиро Танески 1938; 8. Ристески Танев Сребре 1939; 9. Ристески Цветанов Најденко 1940. Свадбата заврши мирно домаќински за дискусиите сите од народот не се земат за забелешка.
Времето е навлезено длабоко во пролетта. Цела природа е разбудена со птиците, штурците, скакулците, луѓето во полето сите ја тераат својата работа.
Во саботата пред Духовден после пладнина полските работници ја напуштат полската работа, си доваѓат дома, одат на гробишта, ги очистуват со барде вода, ги попрскуват, си доваѓат дома, се капат и преслекуват за да бидат чисти за наредниот ден за Духовден.
Денот недела народот од селото Марул, деведесет отсто одат на молитва в црква со бардиња за раздавање за душа накитени во устинките со миризливи цвеќиња и по едно маслиново гранче. Секоја фамилија носи кошница со разни примесоци и тепсија со печено јагнешко месо за појадок, после извршените црквени адети.
Откако ќе завршат со раздавањето, луѓето седнуват да се омезат и ручаат. Со тоа завршува црквената посета за тој ден. Народот си оди дома, некои пренатоварени со бардиња подарени од задушница и ќе речат, него му умреле повеќе другари затова добил повеќе бардиња. Ами ако е така со кого играл тој дофрлат, ами мајче тој си знае. Народот си разодува дома за редовен ручек и чекат кога ќе свирни, огласи музиката на сред селото од свирачите Симон и Спасе. Откако тропна тапано на сред селото за кратко време сред селото се исполни со народ. Музикантите си ја терат нивната програма со ора и песни.
Одмор за свирачите, младешот прави шетња, корзо со помешана носија кај девојките селска – градска. Свирачите само што започна со свирење, младината е кај музиката. Веселбата на сред селото траеше до зајдисонце. На вториот ден, народот си беше в црква, иста веселба на сред селото. Некој кој намерава да одат на гости, заминуват во попладневното време. Такви села на кои му е Духовден селска слава во наша близина се Големо Коњаре и Тројкрсти. Путурус село до 1955 година му беше селска слава. Но, на самиот ден Духовден таа година фати едно невреме со силен дожд и голем град, сета околина беше опустошена. Ние марулци од нашето сред село ја гледаме таа временска катастрофа, мусинската џамија од корен беше превртена.
Димитриоскиот ѕевгар волови тргнати на пат од Путурус за да си идат со запрежната кола за Марул од силното невреме затекнати на чаирот во Мусинци ги сокршија дрвените жегли на јаремот и со рикање и оштетена кожа си дојдоја дома во Марул, а гостите стопани најдоја спас од под запрежната кола. Путурус селото од таа случка со невремето се откажа да не се слави Духовден како селска слава во с. Путурус.
Од 1956 година путуревчани почна селска слава да го слават денот Митровден. Црквата во Марул беше отворена трите празнични денови. Интензивна слава во Марул за денот Духовден неделата и понеделникот, вторникот е за психички одмор. Наредниот ден е работен ден.
Продолжува
![]()

