ПЕНЗИОНЕРСКИТЕ АКТИВНОСТИ СЕ РАЃААТ ВО ОГРАНОЦИТЕ

Многу активности се реализираат најпрво во ограноците, а потоа и во сите  пензионерски здруженија, со кои годинава сојузот одбележува 80 години од пензионерското организирање. По повод Денот на пензионерите, 20 септември. прилепското пензионерско здружение, едно од побројните меѓу 53-те членки на Сојузот на пензионерите на Македонија е организирано во дваесетина ограноци.

Јован Стефаноски е претседател на огранокот „Гоце Делчев” со повеќе од 1100 членови.

– Со здружението нашиот огранок е поврзан како со “папочна врвка„. Имаме услови за собирање и се договараме за сите активности. Клубот е во домот Ѓогдере. На регионалните и на државните спортски натпревари учествуваат наши членови во сите спортски дисциплини. Огранокот и клубот ни се како наш втор дом, небаре дома – вели Јован Стефаноски.

Соња Димеска, еден мандат е претседател на огранокот „Корзо”. Тој е едно од најактивните.

– Посебно сме активни за екскурзии. Членовите редовно патуваат, организирани преку ЗП Прилеп. Самоиницијативно организиравме три приватни екскурзии, Албанија, Смилево и до манастирот во Слепче. Се собираме двапати неделно. Клубот ни е реновиран и добро опремен. Правиме заеднички седенки и договори за натамошните активности – вели Соња Димеска.

Претседателот на огранокот „Центар”, Милка Ѓореска е и член на Извршниот одбор.

–  Ангажирањето е благородна работа. Сме организирале посети во Домот за стари лица и ги посетуваме клубовите и заедниците на децата со посебни потреби. Се грижиме за нашите болни членови. Се договараме за доделување на парична  и  друга помош – вели Милка Ѓореска.

Благоја Ангелески е претседател на огранокот „Рид 1”. Имаат посебен одбор за одлуки за активности. И членот на Комисијата за култура при ЗП Прилеп, Кирил Трајкоски изрази задоволство од многуте активности на огранокот.

К.Ристески      

Loading