Ракомет: Прилеп
Прекрасна игра на машката екипа Прилеп на стартот од новата сезона во Супер лигата на Македонија. Во салата од СОУ “Ристе Ристески – Ричко, Прилеп со убедлив резултат од 38:31 го совлада Куманово. Уште во првото полувреме се наѕираше победникот, кога Прилеп водеше со 21:16. Најефикасни стрелци беа Никола Шипинкоски и Денис Шабановиќ по 7 гола, Димитар Димитриоски, Андреј Стојановски и Ангел Крстески со по 5, а голманот Благојче Трајкоски помогна со 10 одбранети удари. Старт според амбициите на Прилеп, предводен од тренерот Наум Танески, амбиции за влез во Плејофот, меѓу шесте најдобри во државава.
Во следното второ коло Прилеп гостува кај Младост во Богданци. Убава шанса за втор есенски триумф. Домаќинот на овој меч што треба да се одигра викендов, Младост, на стартот изваде реми (30:30) кај Бутел во Скопје. Потсетуваме дека неодамна, на турнирот “Миле Нешкоски”, Прилеп го совлада Младост со 31:27.
![]()

