Молк на тенеќеџиите

Триеле раце тенекеџиите на есен, оти се купувале пампури, бории, пузи, пепелници, мангали. Со модернизирањето на гревењето, индустријата им го зела лебот на мајсторите со тенекии. Современи пампури сега се купуваат во големи маркети за техничка стока.

Сликите од историјата сведочат дека тенеќеџиите не кревале глава од работа. Ангажирале повеќе калфи и чираци да одговорат на барањата за пампури – легачиња за помали собчиња, шпориња за загревање на раскошни одаи на чорбаџиските куќи, па и универзални печки на цврсто гориво со плоча за готвење по моделите на виенските фабрики, но создадени во тенекеџиската мануфактура.

Малкуте тенеќеџии жалаат за времето кога не можеле да навасаат за пампури. Одолеале оние ориентирани на олуци. Неколку се одржуваат со тенеќиени цевки за експлоатација на топлината на чадот од горењето на камините и трајножаречките печки од гус.

Тишина е во чаршијата, оти замолкна “песната” на чеканите при обликувањето на тенекијата во пампури.

Loading