Многу медали од Купот

Карате

Ако некој спорт се држи долго време на високо ниво во Прилеп, тоа секако е каратето. Од секој каратист може да се очекува висок пласман, а И освојување на медали. Така беше минатиот викенд во Скопје, на Купот на Македонија.

Карате клубот Бонсаи, на тренерите Валентина Пурдеска и Дамјан Ристески,  постигна одлични резултати, освојувајќи 8 медали: Катерина Јорданоска е прва кај јуниорките во борби и со тоа обезбеди пласман на Светско првенство во Полска, второ место во борби има Марија Јорданоски, исто јуниорка. Третите места ги освоија: Јована Илиоска и Марија Јорданоски, двете јуниорки во ката поединечно. Трети се уште Цвете Миланоска-кадетка во кати поединечно, Леонид Белески, кадет во борби, Максим Петрески и Христијан Димески, двајцата кадети во ката поединечно.

Успешен прилепчанец е и Теодор Стојаноски, член на скопскиот клуб Олимпик спорт 2007. Тој со освојување на второто место и сребрениот медал избори учество на меѓународна сцена, како што е Балканското првенство. Шеснаесетгодишното момче дури во финалето го доживеа единствениот пораз, а претходно трипати победи во серија,  користејќи ја покрај техниката, тактиката и висината – кошаркарска.

Loading