Изложба
Во ликовната галерија од ЦК “Марко Цепенков” вечерва ќе биде отворена изложба со слики и скулптури, насловена “Линија, форма и простор” на уметникот Филип Перески.
Академскиот уметник Филип Перески, со изложбата, вели м-р Викторија Димеска, ликовно ги истражува бескрајните можности и начини со кои инвентивно ги реконтекстуализира линијата врз дводимензионалната површина на сликарското платно и формата во тродимензионалниот простор.
– Се одликува со спонтани искривени линии кои асоцираат на органски и динамични облици. Во апстрактно-асоцијативните композиции доминира активниот однос и слободната креативна игра меѓу ликовните елементи во просторот: контраст и градација на линијата и бојата. Со хоризонталното протегнување и вертикалното извишување, брзите градации и збиената густина на линиите, уметникот изразува енергична динамичност и хаотичност во слободните отворени композиции.
Перески завршил Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Нааставник е по ликовно образование во Прилеп. Имал повеќе самостојни и групни изложби и учествувал на колонии.
![]()

