Градоначалникот кај кралската гробница кај Бонче

Интензивно се работи на археолошкиот локалитет Старо Бонче. Тим од од истражуавачи од Филозофскиот факултет, на чело со д-р Антонио Јакимовски, во соработка со Заводот и музеј од Прилеп и археолозите Душко Темелкоски и Оливера Јандреска, работат на откривање на остатоците од погребувања од средновековниот период, од 11 и 12 век. Тоа укажуваат дека локалитетот имал култен карактер како место на почитување од жителите на средновековната населба.

Локалитетот е атрактивен  поради богато наследство од античкиот период како што е кралската гробница со импозантни димензии, архитектонските елементи и положба на падините на Селечка Планина. Се претпоставува тука бил погребан пелагониски владетел од 4 век п.н.е.

Градоначалникот Дејан Проданоски нагласи дека општината ги поддржува археолошките истраги, заштитата и афирмацијата на културното наследство. Со рехабилитација на постоечките и изградба на локален пат, ова култно почивалиште ќе се стави на прилепската културна мапа.

– Обврска е да помогнеме, вредните сведоштва од минатото да бидат истражени, сочувани и претставени пред јавноста. И да создадеме услови локалитетот да добие место на мапата на значајните археолошки вредности. Веќе се работи проектот за локален пат Бонче – Старо Бонче – Подмол како и рехабилитација на пристапот до кралската гробница. Понатаму ќе се работи на основен проект за конзервација, реставрација и делумна реконструкција на културното добро, кое е едно од најзначајните за Прилеп. Ќе го поддржиме Заводот и музеј за работите на заштитата. Гробницата ќе биде приоритет за ставање во функција и на културната мапа на Прилеп – рече градоначалникот Проданоски.

Loading