“Црнила” на фестивалот “Ристо Шишков”

Ансамблот на нашиот театар со претставата “Црнила” од Коле Чашуле, во режија на Дејан Пројковски, гостува на 34-тото издание на Меѓународниот театарски фестивал на камерен театар “Ристо Шишко”, што се одржува во Струмица. Изведбата е на 13 септември на завршницата на фестивалското.

Претставата носи силна  симболика, оти делото не старее од авторот кој го создаде современиот македонски драмски јазик. Претставата е актерска и режисерка исповед и, како што вели режисерот Дејан Пројковски, отвора дијалог за тоа дека е нужно во одредени моменти да имаме заеднички ставови, а црнилата се секогаш во македонската историја како резултат на поделбите.

Играат Сара Спиркоска, Бобан Алексоски,  Марија Спиркоска Илијеска, Александар Степанулески, Александар Тодески,  Димитар Ѓорѓиевски, Михајло Миленкоски, Илија Волчески и децата Иво Ачански, Ангелина Тодеска, Давид Кочоски, Ива Малинческа.

Loading